Општество
Чавков најави зголемена заштита од криминалот во екот на туристичката сеозана
Подобрувањето на безбедноста во локални рамки е императив на секоја локална самоуправа, подеднакво како што е приоритет и на Министерството за внатрешни работи, рече во саботата министерот за внатрешни работи Митко Чавков обраќањето на средбата на охридскиот Локален совет за превенција во Охрид, тематски посветена на безбедносните состојби на подрачјето на најголемиот туристички центар во земјата и околу преземените активностите пред почетокот на уристичката сезона
„Во основата на напорите за подобрување на безбедноста лежат интересите на граѓаните и потребата од дијалог со сите чинители во општествената заедница за навремено детектирање и идентификување на сите проблеми и ризици во локалната заедница и изградба на заеднички-партнерски ефикасен систем за нивно спречување и надминување, како заштита од криминалот“, порача министерот за внатрешни работи.
Чавков притоа истакна дека Миниситерството за внатрешни работи изминатите десетина години вложува максимални напори за промовирање на концептот „Полиција блиска до заедницата“. „Само со искрена и непосредна соработка на полицијата и граѓаните може да се надеваме на подобри резултати“. Притоа потенцирајќи дека очекувањата на граѓаните и на полицијата се идентични и во насока на што е можно помала стапка на криминал и нарушувања на јавниот ред и мир, како и зголемување на ефикасност при расчистувањето на делата“, рече.
Пред претставниците на Локалниот совет за превенција на Општина Охрид, со коjшто претседаваше градоначалникот Никола Бакрачевски, министерот Чавков презентираше низа податоци околу безбедносните состојби на подрачјето на СВР Охрид, и притоа истакна дека во првите пет месеци од 2015 година во споредба со првите пет месеци минатата година е регистрирано намалување од 18 отсто на делата од класичниот криминалитет, а има и позитивен тренд на зголемување од 50-ина отсто во однос на реализаиците против недозволената трговија со наркотици. Исто така, според Чавков, зголемена е реализација за околу 50 отсто и во однос на борбата против економскиот криминал, а на исто ниво се задржуваат прекршоците против јавниот ред и мир и состојбите во сообраќајот.
Министерот Чавков, придружуван од челните луѓе на Бирото за јавна безбедност при МВР, Горанчо Савовски и на Управата за безбедност и контраразузнавање, Љубчо Андоновски, во саботата престојуваше во работна посета на Секторот за внатрешни работи Охрид каде што се сретна со раководството на оваа организациона единица при МВР. /крај.мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

