Контакт

Општество

Д-р Ангелчо Андоновски: Илузионисти го доведоа здравството на дното

Објавено пред

Македонското здравство се разболуваше изминативе години дадено во рацете на шарлатани и правејќи низа грешки започна да одумира, стасувајќи на самото дно, на штета на пациентите, смета д-р Ангелчо Андоновски.
Јавноста првпат ве запозна во периодот на објавувањето на ткн бомби на Зоран Заев, како редовен колумнист жестоко критикувајќи ги состојбите во македонскиот здраствен систем, што беше пресудно да бидете еден ретките да го „кренете“ гласот за состојбите во здравството, се охрабривте од „бомбите“ или причина е неможноста, како што велите, да гледате како тоне нашето здраство?
– Светот останува на младите. Несомнено е дека сакам да ја видам својата држава како место каде моите и нашите идни поколенија ќе ја градат својата иднина. Не земја која е извозник на млади мозоци и работна сила поради група неспособни луѓе кои имаат свои лични интереси и комплекси. Една ластовичка не ја чини пролетта, но, сепак, бев охрабрен од еден, исто така, храбар поединец кој одлучи да ја стави својата глава во торба во интерес на еден народ на една држава го следев неговиот пример баш поради тоа што и јас си ја сакам својата држава и својот народ. Здравството тоне и натака процесот започна со појава на лаици и шарлатани во здравствениот систем јас едноставно и исто така не можев да го гледам тоа и морав да го кренам својот глас.

dobivaj vesti na viber

Што се случува всусшност, според вас, со нашето здраство?
– Нашето здравство се разболуваше овие шест години и на крај се разболе и, за жал, веќе и почна да умира. Се нижеа грешки една по друга, се направија многу голем број пропусти и едноставно неминовен беше и овој колапс. Здравството беше предадено во раце на шарлатани и илузионисти кои го доведоа до самото дно, нормално на сметка на граѓанинот т.е на сметка на пациентот. Мора да се напомене дека некој профитираше од сето тоа и сега целата вистина полека испливува и ке излезе на виделина. За тоа некој ќе мора и да одговара.

Од една страна, власта прмовира нови објекти, нова медицинска опрема.., а од, друга страна, пациентите во медиумите се жалат на непрофесионалност, за нехигиена, руинирани објекти. Дали проблемот е во перцепцијата на луѓето, или оцената за здраствениот систем се дава во зависност од дневнополитичката агенда и политичка провициенција на лугето?
– Најлошото нешто што ни се случи нам како држава беше тоталното партизирање на секоја пора од општеството. Здравството не би требало да познава политика, тука станува збор за спасување на човечки животи и ништо повеќе. Актерството спроведено од моменталната власт која секако дека треба под итно да замине стана рутина која на народот му стана провидна. Фалењето заврши ги научивме сите нивни илузионистички финти како да го залажат народот и веќе е доцна и е смешно. Постои одреден група која, за жал, не ги сваќа работите како стојат но ќе ги осети оној момент кога ќе се појави и ќе има потреба од една здравствена услуга а ќе мора да ја плати и дури да го доживее хоророт во кој е здравството тек тогаш можеби ќе се подосвести.
Дали македонскиот лекар ги има основните услови да пружи грижа на пациентот кој ќе затропа на негова врата?
– Да ги имаше сите неопходни услови немаше да се случат милион проблеми кои не следат овие десет мачни годни, последниве шест години доживеавме тотално фијаско и деградација на лекарската фела и на медицинскиот персоналот. Така да основни услови веќе нема се кубури со сé и е во постојан недостаток.

Што се случува со новиот клинички центар во Скопје, кој Груевски неколкупати помпезно го најавуваше. Дали е тоа е веќе мит или реалност?
– Ако некоја лага биде кажана безбројпати станува вистина. Но добро е што не сме слепи па се уверивме дека на сите свои претстави прават реприза, па затоа и слободно можеме да ги наречеме добри режимски комедијанти. Клиничкиот центар заради доброто на сите мора да стане реалност, но во времето што следува не и со овие луѓе кои докажаа дека за нив личното богатење и пакостење врз сопствениот народ е хоби.

Болниците во внатрешноста тврдат дека тонат во долгови, а министерот Никола Тодоров речиси секојдневно промовира нови болнички капацитети или предава во употреба нови апарати. Дали таквата состојба се должи на лошото менаџирање на болниците или станува за партизирање и на овој сектор?
– Еднаш неговите (на Тодоров) настапи ги нареков ‘тоалет турнеи’. Тогаш беше занесен или подобро речено замајан дека прави врв во здравствениот систем, го нарековме и џојстик министер или со еден убав коректен збор џиу џицу комедијант. Тие апарати , кревети и сите оние нешта не функционираат без професионалци, обучен персонал, пациенти и добро инсталирана инфраструктура и опрема. Никој од неговите послушници, не го подучи како треба баш поради својата полтронска поставеност и стравот дека ќе бидат сменети. Условите во внатрешност ги гледаме сите и повеќе не можат да бидат скриени. Факт е дека сите пациенти бегаат од такви услови и ни ги прикажуваат нам како вистински хорор. Менаџирање на болниците не постои, постои министер шарлатан и плаќање преку трезорска сметка што е врв на глупоста а и воведување на болниците во колапс. Секојдневно се среќаваат со проблеми и тужби , министерот молчи.

Според вас, каде повеќе се троши во здраствените установи, на медицинскиот персонал или на администрацијата?
– Видете сооодветен сооднос мора да постои но не лекуваат административците туку лекарите и медицинскиот персонал. Треба правилна прераспределба на севкупниот административен апарат, токму со цел поефикасно функционирање на системот. Само така можеме да го очекуваме имплементирањето на европските стандарди, сега засега сме далеку од нив.

Дали македонскиот лекарски еснаф е партизиран?
– Таа ситуација може да биде видена дури и од авион. Дури највисоките структури во здравството, професорски, доцентски и останатото, се како потчинети робови на еден комедијант кој е случајно залутан во здравството и е случајно министер. Сите му се понижуваат, а со тоа си покажуваат која вредност ја и имаат, а тоа жалосно. Лекарската комора исто така е целосно испартизирана. Јас лично сум за департизација на здравството , освен оние сегменти каде мора да бидат назначени професионалци со партиска административна припадност.

Неодамна беше ставен камен темелник на нов клинички центар во Штип, исто така, неколкупати најавуван претходно, а пациентите се жалат на невозможни услови во штипската болница. Дали сметате дека и овојпат станува збор за предизборна кампања?
– Удрија десет пати камен темелник, се насликаа уште сто пати и пак повторно ништо од сето тоа, сега и градба на црква форсираат што за жал на овој народ се надевам дека им се вклучи црвената сијаличка дека сето тоа се лаги и видео ленти. Губат граѓаните губат пациентите губи нашето ровко општество. Мизерни се условите во штипската болница, а градбата на ваква модерна болница би требало да ја постави на пиедестал како регионална болница од врвен калибар, но како што реков во времето што предстои сега со овие криминални структури секако дека нема да биде ништо.
Деновиве во медиумите сретнавме вест за уште една ‘голема инвестиција во здраството’, камен темелник на црква во штипската болница. Тоа е знак дека Тодоров крева раце од сé и ги остава пациентите во господови раце, или ова е знак за уште една ерозија на македонското општество,за девастирањето на здраствените приоритети и лимбо состојбата во која се држи македонскиот граѓанин десет години.
Пред сé, имаме нужда од инфра структура. Нови патишта, атмосферски канализации а не да еден дожд ни одзема животи на нашите граѓани. Народот треба да одлучи и да сето тоа го промени, а не да добива лажни залчиња кои не може да ги проголта. Ерозијата е очигледна ама повторно и сé уште имаме момент кој укажува дека народот сé уште е во некој романтичен филм а околу него се руши сé. Посакувам најскоро да се освести и да си ја земе судбината во свои раце, доста ни е од овој хорор филм кој ни е наложен десет години.

Вашите јавни настапи се насочени единствено кон Тодоров. Дали тој е главниот виновник за состојбата во нашите болници и клиники, но дали тој е единствениот виновник за ваквите состојби?
– Преку Тодоров, граѓанинот сакам да сфати дека е отсликана целокупната раководна структура која ја раководи Македонија. Тоа се луѓе со луцидност, клептоманија, тотално непочитување на сопствениот народ и сопствената држава. Преку Тодоров се отсликува сликата дека тие не се грижат за народот и дозволуваат да умира и да бега од сопствената држава само на сметка на нивно лично богатење.
Тодоров покажа колку незначат дури и детските животи нашата иднина дечињата а со тоа презентира и мислењето на раководната партиска и фамилијарна структура на властодршците со еден збор нечовечноста која може да се спореди со фашизам. Менаџерите се подеднакво виновни како и Тодоров, бидејќи нив ќе ги покажува народот и нашите поколенија со прст дека придонеле кон остварување на ваквата руинирана состојба на здравствениот систем поради својата исклучителна понизност и девастираност.

Пациентите се жалат дека, сепак, се принудени да купуваат завој, ампули, лекови и други медицински продукти кои недостигаат во болниците?
– Верувам дека по 11-ти декември ќе се отпочне со првичното, но мачно враќање на уништениот здравствен систем т.е првите и најтешки чекори кон неговото повторно рестартирање. Многу било, малку останало. Верувам во посветла иднина на Македонското здравство но после промена на оваа апокалипса која траеше десет години.

Како, тогаш, да „заздрави“ македонското здравство?
– Со многу труд кој ќе се вложи за да се сопре тоталното распаѓање и да се обнови целиот систем. Само преку поставување на професионалци и кадри кои мислат добро на граѓанинот и државата успехот е неминовен. Решенијата се спремни и чекаат своја имплементација. Се надевам дека народот ќе ја даде шансата која им е потребна и значајна за сите нас.

Како истакнат член на СДСМ, кои ќе бидат првите мерки што ќе ги преземе владата на вашата партија во областа на здравство?
– Решенијата и мерките за воспоставување вистински функционален здравствен систем се изготвени и чекаат момент да бидат поставени во функција. Сите знаеме кога и со нетрпение го очекуваме тој момент баш поради фактот што ние професионалците посакуваме народот да ни е здрав и функционален и доследно да допринесува за развивање на нашето општество за да може да растеме како европска држава.

Што треба да се стори за во јавното здравство граѓанинот да ги добие истите услови што постојат и во приватно здравство?
– Лекот чини пет пари, доколку го знаеме. Јас знам дека го знаеме: нова подобрена инфраструктура, чисти и перфектни установи со европски стандарди и повисоки плати за лекарите и медицинскиот персонал, воедно и добро менаџирање кое ќе ја врати довербата на граѓанинот во јавното здравство.
По 11-ти декември над Македонија ќе изгрее ново сонце на слободата. Мојата борба, верувам, дека не беше попуста. Верувам во една силна, разумна, рамноправна, слободна, слободоумна и демократска држава, држава на целокупниот народ кој живее во ова прекрасна земја верувам во новото сонце, сонце кое не само дека ќе донесе слобода туку и ќе ја крене Македонија и поведе кон посветла иднина и ќе ја направи сплотена европска и светска држава./крај/мф/вц

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет47 минути

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет1 час

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион13 часа

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија14 часа

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет15 часа

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет17 часа

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ18 часа

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ18 часа

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија19 часа

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија21 час

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија21 час

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија23 часа

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ23 часа

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија23 часа

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...

Свет24 часа

Украински генерал: Можеме да се бориме уште со години

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, изјави дека Украина е способна да води војна уште неколку години и...

Македонија1 ден

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија1 ден

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет1 ден

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет1 ден

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...

Свет1 ден

Принцот Ендрју е првиот член на британското кралско семејство уапсен по 400 години

Иако наводно бил омилен на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендрју долго време е извор на проблеми за...