Општество
Децата ќе учат почит кон различностите во градинките
Резултатите од иницијативата “Воведување на почит кон различностите и мултикултурализам во раниот детски развој”, беа презентирани во средаа во Скопје пред претставниците од сите градинки во државата.
Резултатите од иницијативата “Воведување на почит кон различностите и мултикултурализам во раниот детски развој”, беа презентирани во средаа во Скопје пред претставниците од сите градинки во државата.
Со оваа иницијатива, отпочната во вид на пилот-активности во десет градинки во десет општини, се обезбедува поддршка за децата да учат почит кон различностите во однос на етничка припадност, култура, религија, род и попреченост.
Посочувајќи ги позитивните промени во заедниците во кои беа спроведени овие пилот-активности, партнерите упатија повик до сите градинки во земјава да ги воведат новите активности за почит кон различностите, кои се вградени во државните програми за ран детски развој.
„Богатството на мојата земја, Република Македонија е во тоа што во неа живеат народи од различна етничка припадност и конфесија”, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
„Вметнување на почит кон различностите и мултикултурализам во Националната програма за рано учење и развој е еден показател, колку сериозно ѝ пристапуваме на оваа суштинска тема во развојот на децата”, додаде
„Преку вложување во децата од најрана возраст всушност вложуваме на долг рок, бидејќи така ги ги воспитуваме нашите деца без товарот на предрасуди и стигма”, изјави британскиот амбасадор Чарлс Едмунд Гарет. “Вложувањето во раниот детски развој е можност со која максимално го развиваме потенцијалот кај децата, го олеснуваме преминот кон училиште и придонесуваме кон успех во учењето, обезбедуваме повисоки резултати при вработувањето и учеството во општествениот живот, и се справуваме со предрасудите и стереотипите”.
Оваа пригода претставуваше и можност да се промовираат новите материјали за предучилишно образование – прирачник за воспитувачите со работни активности, 19 детски сликовници и постери со четири детски ликови познати како “Дружината МЕЛА”.
Материјалите, наменети за деца на 4 до 6-годишна возраст, се средства со кои градинките ќе развиваат самопочит и самодовербата кај децата; ќе ги учат да прифаќаат сличности и разлики помеѓу различните луѓе; да препознаваат кои постапки ги повредуваат другите и да ги разберат последиците од таквите постапки; и ќе ги учат како да реагираат кога се изложени на стереотипи, предрасуди и дискриминација.
„Истражувањата во меѓународни рамки покажуваат дека дури и деца на двегодишна возраст почнуваат да формираат сопствен идентитет и претстава за другите,” изјави Ража Мсефер Берада, заменик-шеф на канцеларијата на УНИЦЕФ.
„Сега имаме и домашни примери што покажуваат позитивни промени во ставовите и однесувањата на воспитувачите, родителите и децата кон различностите”, дополни Берада.
Анкетите спроведени пред и по изведувањето на иницијативата покажуваат подобрувања на ставовите и однесувањата кај децата, родителите и воспитувачите во градинките кои учествуваа во пилот програмата.
Иницијативата беше спроведена со поддршка од домашните НВО-партнери Центар за човекови права и разрешување на конфликти и Консалтинг и истражувања за ран детски развој, во соработка со десет детски градинки од општините Кисела Вода, Гази Баба, Чаир, Куманово, Тетово, Гостивар, Кочани, Кичево, Битола и Охрид. /крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

