Општество
Димитриев со честитка по повод Велигден
Дозволете ми во мое лично име и во име на Владата на Република Македонија, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Македонија и во дијаспората, да Ви го честитам најголемиот христијански празник Велигден и да Ви посакам величествено велигденско празнување, порача премиерот задолжен за спроведувањето на предвремените избори, Емил Димитриев.
Дозволете ми во мое лично име и во име на Владата на Република Македонија, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Македонија и во дијаспората, да Ви го честитам најголемиот христијански празник Велигден и да Ви посакам величествено велигденско празнување, порача премиерот задолжен за спроведувањето на предвремените избори, Емил Димитриев.
„Овој празник е суштина на христијанството и силна потврда на верата во Бога. На овој ден смртта со смрт е победена, а големиот чин му даде силна утеха на човештвото. Христовото жртвување е спас за сите нас и за целото општество. Исус воскресна и страдањето го направи блажено, ја помири борбата помеѓу доброто и злото и направи пат кон уживање во благодeтите на животот. Токму затоа, нема поголема радост и восхит од празнувањето на животот и тоа не било каков живот, туку живот насочен од Бога, живот по патека која долго во минатото му беше непозната на човековиот род. Нашиот спасител Исус се жртвуваше за нас луѓето и ни дари храброст и духовна крепост да не водат низ нашите животи“, се вели во честитката на Димитриев.
„Токму затоа, во овие убави велигденски денови нека надежта, почитта и љубовта кон нашиот спасител ја исполнат нашата душа и нека ги насочат нашите мисли кон препознавање на великодушниот подвиг и вистинските вредности во животот. Да празнуваме во мир и да се радуваме на големиот празник. Да бидеме чисти пред себе и пред нашиот Бог. Нека Бог е со нас, со нашиот народ и со нашата држава. Да ни дарува мудрост, но и единство, солидарност кое ни е потребно во овие мигови. Да се вратиме на патеките на напредокот и да продолжиме да градиме и создаваме заеднички и силно за нашата заедничка татковина. Да љубиме и да се помагаме, да шириме добра мисла и да се почитуваме, да бидеме скромни и милостиви, да правиме добри и богоугодни дела и на тој начин вистински да се заблагодариме на нашиот спасител и неговата љубов кон нас“, порача Димитриев./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

