Контакт

Општество

До вработување преку подобрување на ИТ вештини

Објавено пред

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски информираа во саботата за јавниот оглас до заинтересираните невработени лица за учество во бесплатните обуки за напредни ИТ вештини.

dobivaj vesti na viber

 

Министерот Спасов нагласи дека вклучувањето на пазарот на трудот и подобрување на вработливоста на невработените лица побарува преземање конкретни сеопфатни мерки кои се предвидени во Оперативниот план за вработување и активните мерки за 2014 година

 

„Ако се земе предвид дека вештините од областа на напредните информациските технологии ја зголемуваат и конкурентноста на пазарот на труд тогаш со сигурност може да ја потврдиме успешноста на мерката Обука за напредни ИТ вештини која и оваа година ќе се спроведува. Денеска излегува јавниот оглас за заинтересираните невработени лица за учество во бесплатните обуки за напредни ИТ вештини”, рече министерот за труд и социјални политики Диме Спасов

 

„Ги мотивираме евидентираните невработени лица, активни баратели на работа, со завршено средно или високо образование, кои се заинтересирани за стекнување вештини од областа на информатиката, да се пријават во работниот клуб во Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, каде се евидентирани како невработени лица”, потенцираше Спасов.

 

Овие обуки ќе се реализираат во Скопје и во други градови во зависност од пројавениот интерес на евидентираните невработени лица за учество во мерката и обезбедените услови за обука, во период од три до шест месеци, за следните програмски пакети:

 

ADOBE официјална oбука за графички дизајн (16 лица);

AUTODESK официјална обука за 3Д моделирање и пост-продукција (16 лица);

JAVA официјална обука за Web Programmer (20 лица);

CISCO официјална обука Cisco Certified Network Associate (Routing and Switching) – CCNA  (24 лица);

MICROSOFT официјална обука за MCSA Windows Server 2012  (12 лица) и

MICROSOFT официјална обука за MCSA SQL Server 2012 (12 лица)

 

Обуките ќе се изведуваат врз основа на понудениот план за реализација на активности од страна на авторизиран обучувачки центар, а лицата кои редовно посетувале обука по завршување на истата ќе добијат уверение за посетувана обука и ваучер за завршен испит за стекнување со меѓународен сертификат. Полагањето на завршниот испит за програмските пакети треба да се реализира во рок од три месеца од завршување на обуките.

 

„Заинтересираните невработени лица можат да поднесат пријава за само еден програмски пакет оод овој Јавен оглас, најдоцна до 5-ти септември годинава, во работниот клуб во Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Невработените лица кои се заинтересирани за учество во обуката можат да ги добијат сите потребни дополнителни информации во работниот клуб во Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонијa”, рече Спасов.

 

Додаде дека сите заинтересирани кандидати кои ќе поднесат пријава за учество, ќе полагаат квалификационен испит.

 

Изборот на кандидатите кои ќе учествуваат во обуките ќе се врши исклучиво од листата на најдобро рангирани кандидати од квалификациониот испит.

 

Доколку има поголем број кандидати со освоен ист број бодови, предност при изборот ќе имаат кандидатите кои први поднеле пријава за учество. Доколку од лицата кои се избрани за учество во обуките се формира група од најмалку пет лица од ист регион, обуката ќе се спроведува во тој регион. Лицата кои биле вклучени во оваа мерка во претходните години, не може да бидат вклучени во обуката.

 

Спасов истакна и дека станува збор за програми за напредни комуникациски вештини и информатички технологии од ИТ секторот, кои посебно на младите ќе им овозможат да бидат поконкуретни на пазарот на трудот. Воведувањето на обуките спроведувани од професионални обучувачи е резултат на следењето на потребата од вештините и умеењата кои денес најмногу се бараат од работодавачите особено во информатичкиот, телекомуникацискиот, банкарскот сектор како и многу други сектори.

 

„Tокму затоа е бројот на обуки е дупло зголемен од минатата година, но и бројот на лица кои треба да се опфатат  во обуките за ИТ вештини во 2014-та е двојно зголемен во однос на претходната година и годинава планирано е да се опфатат, сто невработени лица  од евиденцијата на активни баратели на работа во АВРМ. За реализација на оваа мерка предвидовме 8.305.800,00 денари”, додаде Спасов.

 

Од воведувањето на оваа мерка во 2010, учествувале 373 лица, а постигнати се 226 вработувања./крај/мф/бс

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија9 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ9 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија11 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија12 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија13 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ13 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија13 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија13 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет14 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа15 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет17 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет17 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет17 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет17 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа17 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија1 ден

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет1 ден

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...