Контакт

Општество

Докторите од скопските поликлиники со најмногу прегледани пациенти во јули

Објавено пред

Вкупно 29 илјади пациенти кои имале закажано сецијалистички или друг преглед преку можноста „Мој термин“ не се појавиле во закажаното време, во текот на изминатиот месец јули, потенцираше во неделата на прес-конференција проект-менаџерот на Националниот систем за закажување прегледи „Мој термин“, Милан Аризанкоски, кој повика граѓаните кои не можат да се појават во закажаниот термин, да го откажат преку бесплатниот телефонски број, преку смс порака или преку нивните матични лекари.
 

dobivaj vesti na viber

Вкупно 29 илјади пациенти кои имале закажано сецијалистички или друг преглед преку можноста „Мој термин“ не се појавиле во закажаното време, во текот на изминатиот месец јули, потенцираше во неделата на прес-конференција проект-менаџерот на Националниот систем за закажување прегледи „Мој термин“, Милан Аризанкоски, кој повика граѓаните кои не можат да се појават во закажаниот термин, да го откажат преку бесплатниот телефонски број, преку смс порака или преку нивните матични лекари.

 

На пример, 74 годишна жена од Струмица дури 27 пати не дошла на закажаните термини, истакна Аризанкоски. Пациент на 54 годишна возраст од Јегуновце, не дошол на 27 закажани термини, последниот термин на кој не се појавил бил резервиран на 7-ми август. Пациент на 52 годишна возраст од Радуша од Општина Сарај, пак, не дошол на вкупно 25 закажани термини.

„На овој начин се наштетува на концептот на функционирање на националниот систем за електронски евиденции и непотребно се креира нереална листа на чекање, затоа суштински е важно да се почитува времето на другиот, односно пациентот да го почитува времето на докторот и на другите пациенти, но и докторите да го почитуваат времето на пациентите. Доколку не сте во можност да присуствувате на прегледот, Ве замолувам истиот да го откажете. Уште еднаш потсетувам дека термините може да ги откажете на телефонскиот број 15 444 или со праќање на порака кон 144 194 со содржина број на упат“, апелираше

Во сите здравствени установи низ државата, инаку, пациентите преку „Мој термин“ биле примени 15 минути порано или со просечно задоцнување од 10 минути по закажаниот термин.

Најголем број прегледани пациенти во текот на јули има во Клиничкиот центар во Битола – вкупно 19.820 пациенти, по него следува Клиничкиот центар во Тетово со 16.930 прегледани пациенти, па болницата во Прилеп со 13.600 и општата болница во Куманово со 11.897 примени пациенти преку проектот „Мој термин“.

Од скопските здравствени установи најмногу пациенти биле прегледани во Градската општа болница „8 Септември“, и тоа 13.130.

„Во истите овие болници, најголема е и бројката на пациенти кои не дошле на закажаниот термин, просекот на пациенти кои не дошле на преглед во овие установи изнесува 23 отсто или вкупно 7.770 пациенти за јули“, рече Аризанкоски

„Просечниот број на дневно креирани термини за преглед по интерна медицина во месец септември изнесува 15,5 пациенти по ден во здравствените домови, а 18 пациенти во Општите болници, додека просечниот број на вкупно дефинирани термини по доктор на интерна медицина во септември изнесува 300 термини по доктор во Здравствените домови , додека во општите болници е 120 термини по доктор. Помалата бројка се должи на тоа дека специјалистите во општите болници извршуваат и други дополнителни здравствени услуги и тоа дека имаат и болнички пациенти“, рече Аризанов.

Додаде дека во Здравствените домови од вкупно 69 доктори интернисти. само 23, односно 33 проценти о надминуваат просекот на дневно дефинирани термини, и тоа се лекари од здравствените домови во Скопје, односно од Поликлиниките „Букурешт“, „Јане Сандански“, „Драчево“ и „Ѓорче Петров“.

„Во националниот систем за електронски евиденции во здравството МојТермин во рамки на деталните медицински податоци се евидентира и времето на прием на пациентот, односно покрај времето кога е закажан терминот, се следи и времето кога пациентот влегол на преглед, кога започнал прегледот и кога е напишан извештајот од прегледот. Во таа насока, денеска сакам да издвојам неколку исклучително позитивни примери врз основа на евидентираниот прием на пациенти на преглед за месец јули 2014 година“, рече Аризанкоски/

Притоа посочи дека во Здравствен дом копје – Поликлиника Идадија, биле прегледани 460 пациенти за кои бил закажан термин, 45 отсто од нив биле примени на преглед во просек од 15 минути пред закажаниот термин, додека 52 проценти биле примени со просечно задоцнување од десет минути по закажаниот термин. Со тоа, вкупно 446 пациенти или 97 отсто од закажаните биле примени на преглед пред закажаниот термин или со просечно задоцнување од 10 минути. Во поликлиника Идадија во месец јули не дошле на преглед 64 пациенти.

Сличен е примерот, илустрираше Аризанкоски и со Здравствениот дом Скопје – Поликлиника Бит пазар, каде во јули биле закажани прегледи на 4.740 пациенти, од нив се прегледани 3.970 а другите 770 не дошле на прегледот. Од тоа, 2.044 пациенти или 52 отсто, биле примени на преглед во просек 22 минути пред закажаниот термин, додека 1.549 или 39 проценти биле примени со просечно задоцнување од 9 минути по закажаниот термин. Вкупно 3.593 пациенти или 91 отсто од закажаните биле примени на преглед пред закажаниот термин или со просечно задоцнување од девет минути по него. – Најголемиот број прегледи во оваа поликлиника има направено докторката Маре Ванчевска специјалист по офталмологија. Исто така, најголем дел од пациентите кои закажале, а не дошле на преглед се закажани кон офталмологија и интерна медицина, истакна Аризанкоски.

И поликлиниката Чаир при Здравствениот дом Скопје ги има сличните резултати. Таму 56 отсто од закажаните пациенти биле примени на преглед 20 минути пред закажаниот термин, додека 34 отсто од пациентите биле примени со просечно задоцнување од 9 минути. Вкупната бројка прегледани закажани пациенти во јули во поликлиниката Чаир изнесува 1.686 пациенти, од кои 1.518 пациенти или речиси 90 отсто биле примени на преглед пред закажаниот термин или со просечно задоцнување од 9 минути. Во оваа здравствена установа лекар со најголем број на прегледи во поликлиниката Чаир е д-р. Даниела Блажевска Тасеска, специјалист по интерна медицина, која има извршено 430 прегледи.

„Од универзитетските клиники би ја издвоил Клиниката за ревматологија каде во јули биле закажани 1.145 пациенти, од кои 93 отсто биле примени на преглед пред закажаниот термин или со просечно задоцнување од 12 минути“, рече координаторот на „МојТемрин“.

„Воедно, сакам да истакнам и практични примери врз основа на параметарот – просек на дефинирани термини кај специјалист. Просечниот број на дневно креирани термини за преглед по интерна медицина во месец септември изнесува 15,5 пациенти по ден во здравствени домови, а 18 пациенти во општите болници, додека просечниот број на вкупно дефинирани термини по доктор на интерна медицина во септември изнесува 300 термини по доктор во Здравствен дом, додека во општите болници е 120 термини по доктор. Помалата бројка се должи на тоа дека специјалистите во општите болници извршуваат и други дополнителни здравствени услуги и тоа дека имаат и болнички пациенти.

Кај општите болници од вкупно 81 доктор интернист, само 38 или 47 отсто, го надминуваат просекот на дневно дефинирани термини.

Во однос на вкупниот број на дефинирани термини, најмногу дефинирани термини во септември по интерна медицина имаат интернистите од Ресен и Гевгелија, односно околу 500 дефинирани термини по доктор за септември.

„Треба да се земат во предвид годишните одмори на докторите, како и законската обврска на директорите на здравствените установи до 10-ти во месецот да бидат одобрени сите термини за наредниот месец. Очекуваме дека од утре веќе ќе бидат видливи термините“, појасни Аризанкоски.

Тој ги презентираше и заклучоци од состанокот со Комисијата за матични доктори со најголем број упатувања во текот на еден работен ден (кои ги истакнавме на минатата прес конференција). Притоа Комисијата утврдила дека најголем број, 30 отсто, од реализираните упатувања се поради препишување на терапија на хронични пациенти. Комисијата, исто така, предложила формирање посебна амбуланта во рамки на Здравствениот дом во Крива Паланка која ќе биде наменета за препишување терапија, з ада се растоварат специјалистите од термини за препишување терапија, односно да се ослободат термини за пациенти на кои им е неопходна конкретна здравствена услуга/интервенција. Комисијата предложила интернисти од здравствените установи од други населени места да доаѓаат во Крива Паланка, како и вработување на нови интернисти во тамошниот Здравствен дом./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Им се заканувал на сопругата и ќерките дека ќе ги убие и запали: откриено автоматско оружје по пријава за семејно насилство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење,...

Македонија3 часа

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија3 часа

Запленети пиштоли, едно лице е во притвор, спречен обид за сериозен меѓународен криминал, соопшти Царинската управа

Царинската управа соопшти дека е спречен обид за сериозен меѓународен криминал, при што биле запленети девет пиштоли од кои пет...

Македонија3 часа

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 11 часот и 28 минути регистрира земјотрес со епицентар во соседна...

Македонија3 часа

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет4 часа

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ4 часа

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа7 часа

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет8 часа

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет8 часа

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет9 часа

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет9 часа

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет21 час

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија24 часа

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија1 ден

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија1 ден

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ1 ден

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија1 ден

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија1 ден

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...