Контакт

Општество

ДОМ поднесе кривична пријава против Југохром

Објавено пред

Партијата Демократска обнова за Македонија (ДОМ) во средата до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Југохром за прекршување на Законот за животна средина, за непочитување на рокот за еколошко  прилагодување, како и за непочитување на Уставот на РМ каде во член 43 став 2 стои дека секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата.

ДОМ ваква кривична пријава за загадување на животната средина и природата и загрозување на животната средина со отпадни материи претходно поднесе и против  Макстил.

 

„Кривичната пријава се поднесува за загрозување на здравјето на граѓаните на Тетово и уништување на животната средина, почнувајќи од 11.7.2005 година (кога почнува да важи законот за животна средина) до денес. Југохром не го испочитува Законот и не ги почна навремено набавките на еколошката опрема, па продолжи да загадува со несмалено темпо, не водејќи сметка за поплаките на граѓаните и укажувањата и казните на институциите“, се вели во соопштението на партијата.

 

Од таму истакнуваат дека како доказ ги приложиле податоците од ПМ10 од мерната станица во Tетово за последниве месеци, годишен преглед за 2013 и повеќегодишен преглед од 2005 до 2013 година.

 

Според нив од овие показатели лесно може да се види огромното пречекорување на дозволената граница од 50 мг/м3./крај/мф/ап

Македонија

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4 и Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 40 оздравени лица од: Скопје-26, Велес-2, Гостивар-3, Кичево-3 и Ресен-6.

Во изминато деноноќие починале 7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.

На Клиниката за инфективни болести починале двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години.

Во болницата „8 септември“ починале петмина пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 7.046, бројката на оздравени пациенти е 3.027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.678. Од вчерашните тестирања еден е контролен, а во согласност со новите податоци, статистиката за заразени по градови е следна:

• Скопје 3.394, активни 2.007
• Куманово 797, активни 244
• Дебар 109, активни 57
• Штип 374, активни 161
• Прилеп 282, активни 56
• Тетово 766, активни 392
• Струга 265, активни 167
• Велес 196, активни 43
• Битола 61, активни 22
• Охрид 204, активни 175
• Кавадарци 21, активни 15
• Гостивар 156, активни 93
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 17, активни 9
• Крива Паланка 16, активни 10
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 7, активни 3
• Кочани 74, активни 21
• Пробиштип 26, активни 17
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 6, активни 4
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 3, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 2
• Свети Николе 42, активни 37
• Кичево 48, активни 39
• Ресен 122, активни 89
• Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 67.165 тестирања, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 92 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во согласност со обновените податоци, бројот на активни случаи во скопските општини изгледа вака:

• Аеродром – 159
• Бутел – 173
• Гази Баба – 207
• Центар – 150
• Карпош – 167
• Сарај – 154
• Кисела Вода – 118
• Ѓорче Петров – 116
• Студеничани – 115
• Шуто Оризари – 93
• Арачиново – 51
• Илинден – 33
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 18
• Сопиште – 13
• Зелениково-7
• Странец – 2

Прикажи повеќе...

Македонија

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна возраст, поради компликации поврзани со Ковид-19, починал докторот Арификмет Деари, уролог од Тетово.

Деари бил хоспитализиран поради невролошки проблеми, но бил позитивен и на коронавирусот. По 15 дена болничко лекување, ја загубил битката со болеста.

„Доктор Деари беше само на неколку месеци до пензионирањето, тој е првиот лекар кој почина од компликации со коронавирусот“, напиша Филипче кој изрази жалење и длабоко сочуство до семејството.

Министерот воедно упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во еден ден казнети 474 граѓани кои не носеле маски

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се 474 прекршоци, информираат од МВР.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките донесени од Владата со цел справување епидемијата на Ковид -19.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет55 минути

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт2 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија2 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ3 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија5 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија6 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ6 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа7 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет9 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет21 час

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија1 ден

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа1 ден

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија1 ден

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион1 ден

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија1 ден

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа1 ден

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт1 ден

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион1 ден

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет1 ден

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет1 ден

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Досие