Општество
Еуролинк осигурување ќе донира 8.500 евра за опремување на читална во Студентскиот дом „Гоце Делчев“
Kомпанијата „Еуролинк осигурување“ почна со реализација на донацијата во студентскиот дом „Гоце Делчев” во Скопје. За овој проект Еуролинк одвои средства во висина од 8.500 евра и се вклучи со логистичка поддршка за реализација на проектот и креирање идејно решение за уредување на внатрешниот простор.
Проектот, кој е дел од платформата за корпоративна општествена одговорност: „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности“, опфаќа опремување на заедничката читална и библиотека во Блок Б, на 6. кат во студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Станува збор за единствен простор со површина од 160 квадратни метри, кој ќе претставува модерно уредена читална со целиот потребен инвентар за таа намена – од бироа, столовии и библиотека, каде што студентите ќе можат да ги подготвуваат своите семинарски, колоквиуми и испити.
Просторијата ќе биде пуштена во употреба за две до три недели, пред самиот почеток на учебната 2015 – 2016 година.
„Навистина сме уверени дека за брзо време студентите ќе можат да уживаат во современо опремена читална во домот `Гоце Делчев` во Скопје. Сметаме дека секое општество треба да обезбеди поттикнувачки услови за развој на интелектуалната сила и идните професионалци, и токму затоа компанијата издвои средства за креирање на еден модерен и урбан простор за многу генерации студенти”, изјави Олга Костовска, претседател на надзорниот одбор на „Еуролинк осигурување“.
Целта на донаторската програма на „Еуролинк осигурување“ е да им се даде неопходната поддршка на студентите, а воедно како општествено одговорна компанија да даде свој придонес во подобрувањето на условите во самиот студентски дом „Гоце Делчев“ во Скопје./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

