Општество
Европската мрежа „Жени против насилство“ и партнерските организации започнуваат со кампањата Step up!
Европската мрежа „Жени против насилство“ (WAVE), чии членки се и Националниот совет за родова рамноправност и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, од среда започнува европска кампања која ќе се одвива во текот на следните две години. Членките на WAVE ќе се залагаат за унапредување на правата на жените жртви на насилство и нивните деца за пристап до сервиси за поддршка и заштита.
„Во многу земји во Европа не се вложува доволно во специјализирани сервиси за поддршка и, како последица на тоа, жените немаат каде да се обратат за соoдветна помош. Ги повикуваме институциите на ЕУ, националните влади и останатите чинители да ги засилат напорите за спречување на насилството врз жените!“, порача претседателката на WAVE, Роза Логар.
Насилството врз жените е најраспространета форма на кршење на човековите права и многу често има фатални последици. Општествените норми, предрасудите и стереотипите се дел од причините за големиот број непријавени случаи на родово засновано насилство. Во многу општества ова насилство се осудува, но во исто време и молчешкум се толерира. Но оваа појава влијае на сите нас, на целото општество.
Потребни се сервиси за поддршка за зајакнување на жените и искоренување на оваа појава. Затоа, од владите и чинителите во цела Европа бараме да се вложува повеќе во специјализирани сервиси кои работат од перспектива на човекови права и кои ќе влијаат за општествена промена, велат од организацијата.
Бројки кои говорат за недостигот од специјализирани сервиси (WAVE Извештај 2015):
– Само 15 од 46 европски земји имаат СОС телефони кои функционираат 24/7 и се бесплатни
– Во Европа недостигаат повеќе од 47,000 места во згрижувалишта за жени, особено во земјите кои пристапија во ЕУ по 2004 година и земјите кои сè уште не се во ЕУ
– Во повеќето земји нема центри за поддршка на жени жртви на силување и сексуално насилство
– За многу жени пристапот до специјализирани сервиси за поддршка е попречен, вклучувајќи жени-мигрантки, жени од етничките малцинства, постари жени и припаднички на ЛГБТИ заедницата.
Европската мрежа на жени против насилство (WAVE), Националниот совет за родова рамноправност и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство ги повикуваат носителите на одлуки на национално и европско ниво: активно да ги поддржат мерките за заштита на жените жртви на насилство; да се заложат за подобрување на пристапот до специјализирани сервиси за поддршка на сите жени и нивните деца; да се заложат за зголемување на бројот на специјализирани сервиси за поддршка и заштита на жените жртви на насилство и нивните деца; да се заложат за подобрување на квалитетот на сервисите за поддршка и за финансиска поддршка на женските организации кои ги нудат тие сервиси.
Поради тоа што насилството врз жените е општествен проблем кој влијае на економската слобода и потенцијал на жените и со тоа има огромни последици врз економијата во светски рамки, оваа кампања повикува на зголемување на инвестициите за поддршка на жртвите во Македонија и во Европа./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

