Општество
Европската недела на тестирање за ХИВ
Асоцијација за здравствена едукација и истражување (ХЕРА) и оваа година се приклучува на Европската недела на тестирање за ХИВ која ќе трае од 20 до 27 ноември.
Европската недела на тестирање за ХИВ е заедничка акција на повеќе од 400 организации ширум Европа, кои работат на превенција и грижа за ХИВ. Целта на оваа акција е преку обединување на организациите низ Европа да се зголеми свеста за придобивките од ХИВ тестирањето, што ќе овозможи што повеќе луѓе да добијат информации за превенција од ХИВ, да го дознаат својот ХИВ статус и да им биде овозможен пристап до терапија, грижа и поддршка. Мотото на годинешната акција е ТЕСТИРАЈ. ЛЕКУВАЈ. ПРЕВЕНИРАЈ.
Денес, се претпоставува дека најмалку едно од три лица од вкупно 2,5 милиони луѓе кои живеат со ХИВ во Европа не се свесни за својот ХИВ статус. Половина од оние луѓе што живеат со ХИВ се дијагностицирани доцна, со што се доцни со пристапот до терапија, грижа и поддршка. Овие статистички податоци укажуваат дека мора да се направи повеќе во охрабрувањето на поединците да направат ХИВ тест, како и да се подобри пристапот до ХИВ тестирање за сите. Особено важно е што е можно поскоро луѓето што биле изложени на ризик да го дознаат својот ХИВ статус. Последните наоди даваат поддршка за започнување на третманот веднаш после дијагнозата на ХИВ инфекцијата со што се штити здравјето на луѓето. Денес, достапната терапија значи дека некој со ХИВ може да живее здраво долго време доколку се дијагностицира навремено. Луѓето што живеат со ХИВ имаат речиси нормален животен век доколку добиле ран третман. Терапијата за ХИВ, исто така, значително ја намалува веројатноста за понатамошен пренос на ХИВ.
Сите заинтересирани лица подетални информации можат да добијат на телефонскиот број 02/3176 950 или на следниот е –маил: [email protected]. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

