Општество
Фондација ‘Илија Камчев’ ќе доделува стипендии за специјализанти по медицина
Македонската компанија „Орка Холдинг“ преку фондацијата „Илија Камчев“ и годинава, трета година со ред, ќе додели пет стипендии за специјализанти на Медицинскиот факултет при скопскиот универзитет „св. Кирил и Методиј“.
Фондацијата „Илија Камчев“ во саботата го објави конкурсот за доделување на стипендии на перспективни специјализанти по медицина, за кандидати кои ги исполнуваат соодветните услови припишани на конкурсот.
На успешните кандидати целосно ќе им бидат покриени трошоците за школарина за специјализација при Медицинскиот факултет во Скопје за една академска година, при што ќе добијат и можност за бесплатно усовршување во Кличничката болница „Аџибадем Систина“. Стипендистите кои ќе се усовршуваат во „Аџибадем Систина“ ќе бидат водени низ посебен менторски систем, кој подразбира постојана комуникација со врвен докторски тим. Така, специјализантите ќе имаат предност да учат од најдобрите, а по завршувањето на студиите ќе имаат приоритет за вработување.
Услови за доделување на стипендијата се завршен медицински факултет, кандидатите во текот на студиите да постигнале најмалку 8,0 (осум) просечен успех; да се примени на специјалистички студии, да имаат положен стручен испит; да се државјани на Република Македонија; одлично да познаваат англиски јазик
Покрај вообичаената молба; CV; кандидатите траба да приложат доказ за завршен медицински факултет; доказ за положен државен испит; доказ за специјализација во тек; уверение за државјанство; сертификати
Документите се поднесуваат во рок од 15 дена сметано од саботата (05.09.2015), на адресата Фондација „Илија Камчев“, ул. „Скупи“ бр.3А, кат II, 1000 Скопје и по електронска пошта на [email protected] со назнака „Конкурс за стипендија за специјализација “
Фондацијата „Илија Камчев“ е основана од компанијата „Орка Холдинг“ во чест на Илија Камчев, основач на компанијата, хуманист и филантроп. Долгорочно гледано, воведувањето на оваа стипендија претставува сериозна инвестиција во здравствениот систем на Република Македонија, врз основа на светските стандарди и протоколи за лекување на пациенти.
Покрај образованието, фондацијата „Илија Камчев“ поддржува активности кон други сегменти во општеството кои се од интерес за пошироката јавност. Фондацијата поддржува и е активно вклучена во реализација на проекти и иницијативи кои придонесуваат кон развојот на уметноста и културата, хуманитарната дејност, спортот, издаваштвото, зачувувањето на животната средина./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

