Општество
Формирана Национална инфраструктура на просторни податоци
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски во петокот ја одржа првата седница на Советот на Националната инфраструктура на просторни податоци, формиран со Решение на Владата.
Советот претставува тело, кое во рамките на својата надлежност ќе го следи развојот на Националната инфраструктура на просторни податоци, ќе ги креира политиките поврзани со просторните податоци и нивната употреба и ќе учествува во иницијативите поврзани со прoсторните податоци на национално и регионално ниво. Во него членуваат претставници од 18 владини институции, Градот Скопје, претставник на Стопанската комора на Република Македонија Со советот претседава Пешевски.
Главната цел на Советот ќе биде насочена кон мотивирање на субјектите на НИПП да создаваат податоци во согласност со Европските правила и ИСО стандардите. Тоа ќе овозможи компатибилност на податоците од нашите институции со Европските и поголем развој на меѓуграничните проекти.
Придобивките од функционирањето на Советот ќе бидат евидентни и особено значајни за подобрено донесување одлуки – подобрено планирање, спроведување на политиката и следење, поедноставување на процесот на соодветното планирање, управувањето со ризиците, како и зачувувањето и искористувањето на ресурсите, побрз одговор на итни ситуации, подобрено планирање и управување со транспортот и врските, развој на голем број владини услуги засновани на веб кои се наменети за граѓаните, особено преку е-Влада, како и за меѓународната соработка.
Други значајни придобивки претставуваат и избегнувањето на двојни системи и двојно собирање на податоците, како и можноста за носење подобри одлуки во однос на политиката и преку обезбедување подобрени услуги како резултат на подобреното искористување и размена на просторните податоци.
Преку создавањето на НИПП, на Македонија ќе и се овозможи приклучување и кон пан-европските инфраструктури на просторни податоци кои се развиваат како дел од иницијативата INSPIRE (Инфраструктура за просторни информации во Европа) на Европската унија.
Покриеноста ќе се однесува на целата копнена, водна и воздушна површина на Република Македонија и ќе се опфатат сетови на просторни податоци и услуги кои се поврзани со топографија, терен, хидрологија и атмосфера.
НИПП на почетокот ќе биде наменета за информации од јавниот сектор, но ќе постои одредба за вклучување на информации од приватниот сектор доколку приватниот сектор смета дека има придобивки од објавувањето на своите податоци преку македонската НИПП, се вели во соопштението од кабинетот на вицепремиерот Пешевски. /крај/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

