Контакт

Општество

ФЗОМ алармира: Секој втор Македонец пие лекови против депресија и нервоза

Објавено пред

Енормно зголемување на потрошувачката на лекови кои се користат за намалување на напнатоста, вознемиреноста, нарушеното спиење, стравот, депресивното расположение, нервозата и други стресни состојби е забележана во 2013 година. Според податоците на ФЗОМ, секој втор Македонец ги употребува овие лекови кои може да предизвикаат трајни несакани ефекти меѓу кои намалување на срцевата работа, депресија, намалено либидо, главоболки, тремор, нарушено памтење, кошмари, халуцинации, агресија, мускулна слабост. 

dobivaj vesti na viber

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) утврди состојба на енормно зголемена употреба на лековите анксиолитици и хипнотици, кои се користат за намалување на напнатоста, вознемиреноста, нарушеното спиење, страв, депресивно расположение, нервоза и други стресни состојби. 

Во оваа група на лекови влегуваат диазепам и апаурин, потоа бромазепамот познат како лексилиум и бромазепам, алпразоламот односно хелекс и золпидемот попознат како санвал. 

„Според анализата на податоците на Фондот за потрошувачката на овие лекови може да се констатира дека годишно во 2010 над 1 милион и 250 илјади рецепти се реализирани во аптека, што значи дека просечно секој втор жител на Македонија употребил по најмалку едно пакување од овие лекови во текот на годината. Но алармантно и загрижувачки е тоа што потрошувачката на овие лекови во 2013 година се зголемува на над 1 милион и 600 илјади реализирани рецепти, односно за околу 30%“, се вели во соопштението на ФЗОМ. 

Според извештајот, лекот диазепам е на четврто место од десетте најчесто пропишувани лекови во Македонија. 

По градови, најголема потрошувачка на диазепам и апаурин е констатирана во Берово и Неготино, додека на лексилиум и бромазепам во Битола. Хелексот најмногу се купува во Кичево, а санвалот во Виница. 

Податоците со кои располага ФЗОМ укажуваат на огромната потрошувачка на овие лекови и трендот на постојано зголемување, но таа се однесува само за оние лекови кои се подигнати од аптека на товар на ФЗОМ, а не и за тие кои се купуваат на приватни рецепти и што се користат при болничкото лекување, што значи дека потрошувачката е уште поголема. 

Од тие причини, Фондот ги предупредува граѓаните за несаканите ефекти од употребата на овие лекови. 

„Од краткорочните штетни дејства ќе ги споменеме: успорена работа на мозокот, слаба концентрација, конфузија, неразбирлив говор, што доведува до проблеми со едукација и стекнување на нови вештини, проблеми во секојдневна работа како и проблеми при извршување на домашните обврски и воспитувањето на децата и сл.забавените рефлекси доведуваат до проблеми со возењето на автомобил и др. превозни средства, намалената координација, поспаноста, вртоглавиците и заморот, намалената координација исто така може да доведе до губење на рамнотежата, паѓања и повреди особено кај постарите лица, градежни и други работници кои работат на височина, намалувањето на крвниот притисок, намалувањето на дишењето и намалувањето на срцевата работа, се потенцираат при истовремена употреба на алкохол и комбинација со други лекови за хронични болести, што може да доведе до кома и смрт. Нивната употреба неповолно делува кај пациентите со хронични болести на белите дробови (ХОББ и астма) поради ефектот на намалување на дишењето, депресија, намалено либидо, главоболки, тремор, нарушено памтење, кошмари, халуцинации, агресија, мускулна слабост, неконтролирано мокрење, запек, нарушување на менструалниот циклус и др“, предупредува ФЗОМ. 

Но, сепак, велат од ФЗОМ, скриена и најголема опасност од долготрајната и континуирана употреба на овие лекови е појавата на психичка и физичка зависност. Пациентот може многу брзо да развие толеранција на лековите, тоа значи дека е потребна сѐ поголема доза за да се постигне саканиот ефект, што доведува до појава на зависност. Овие состојби може да се јават како кај пациенти кои го примаат лекот по препорака на лекар, така и кај тие што го злоупотребуваат. 

Покрај горенаведените несакани штетни ефекти, овие лекови може да предизвикаат и други несакани ефекти кои се јавуваат и кај другите групи на лекови: заметен вид, болки во гради, тешкотии при дишење, отежнато голтање, кожен осип, чешање, црвенило, гадење и повраќање, ангиоедем – оток на грло и душникот, анафилактичен шок, кои претставуваат витално загрозувачки состојби и ембриотоксично дејство (може да влијаат врз развојот на плодот и не се користат кај бремени жени), велат од Фондот. 

Фондот апелира граѓаните да ги следат советите на лекарите и да не инсистираат избраниот лекар да им прoпишува лекови на нивно барање, односно спротивно на упатствата за лекување според медицина базирана на докази, а до лекарите при пропишувањето на лековите да ги следат упатствата според медицина базирана на докази, презентирани за време на специфичната медицинска едукација за дијагностика и терапија на депресивните состојби во текот на 2013 година, а земајќи ги во предвид сите несакани и штетни ефекти кои ги предизвикуваат овие лекови.крај/мф

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија10 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет12 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија15 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија18 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија18 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија19 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија19 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија20 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ21 час

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа23 часа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет23 часа

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа1 ден

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа1 ден

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион1 ден

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет1 ден

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...

Македонија1 ден

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија2 дена

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија2 дена

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија2 дена

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...