Контакт

Општество

ФЗОМ и Kлиника за пулмологија заедно се борат против хронично опструктивната белодробна болест

Објавено пред

ФЗОМ и Клиниката со пулмологија заедно работат на намалување на смртноста кај пациентите со ХОББ. За таа цел, ФЗОМ обезбеди наменски буџет во вредност од 1.7 милиони денари за Клиниката за пулмологија (условен буџет) за 50 апарати (концетратори на кислород) за кислородна терапија во домашни услови на пациенти кои имаат ХОББ, хронично опструктивната белодробна болест, која е едно од најчестите хронични заболувања на белите дробови. 

dobivaj vesti na viber

 

Кислородна терапија кај пациентите со ХОББ е потребна за да се спречат влошувањата, да се подобри толеранцијата на напор и да се подобри квалиетот на животот. Единствена тераписка мерка која преку долгорочни студии покажала намалување на смртноста кај оваа болест е престанок со пушењето, како и употребата на терапија со кислород. ФЗОМ и Клиниката со пулмологија заедно работат на намалување на смртноста кај пациентите со ХОББ.

 

Во Македонија бројките на заболени од оваа болест приближно се совпаѓаат со светските, имено во 2013 се регистрирани 324 пациенти, во 2012 биле 355 пациенти а во 2011 биле 390 пациенти. Од овие пациенти, 100 лица се повеќепати хоспитализирани на годишно ниво (2-3 пати), со хоспитализација од 20-25 дена, поради недостапност на кислородна терапија во домашни услови. Односно, во просек, годишно, овие пациенти со тешка форма (20% од пациентите со ХОББ), чинат од 90.000 до 125.000 денари. Цената на лекување драстично се зголемува особено ако пациентот има потреба за неинвазивна вентилација, која самата чини 44.142.00 денари или вкупно за најкомплицираните случаи, годишниот трошок расте и до 257.500 денари по пациент.

 

Пациентите отсега ќе можат да добијат апарат од Клиниката за пулмологија, односно концетратори кои ќе ги користат во домашни услови за неопходната кислородна терапија. Согласно критериумите за добивање на овие апарати – концетратори на Клиниката за пулмологија, пациентите ќе ги добијат овие апарати на доживотно користење. Еден од главните критериуми за добивање на апаратите е тоа да се пациенти на кои оваа терапија им е потребна на дневна основа, во времетраење од минимум 15 часа дневно.

 

Оваа новина ќе значи бенефит и олеснување за самите осигуреници – пациенти, за Клиниката за пулмологија, како и за ФЗОМ.

 

•           Бенефитот за пациентите:

1.         Веќе нема да мора 2-3 пати во годината да бидат хоспитализирани, туку ќе можат да си ја добијат потребата терапија во домашни услови. 

2.         Апаратот кои ќе го користат пациентите во домашни услови е на товар на ФЗОМ, без приватно да го купуваат како досега.

3.         Се подобрува квалитетот на животот на овие пациенти.

4.         Се избегнуваат можни влошувања на севкупната здравствена состојба.

 

•           Бенефитот за Клиниката за пулмологија е растеретување на капацитетите, односно овие пациенти веќе нема да мора да бидат сместени на Клиниката со што ќе може да се примаат пациенти со други заболувања на кои им е потребна хоспитализација. 

 

•           За ФЗОМ бенефитот е повеќе пациенти ќе добиваат здравствени услуги од Клиниката за пулмологија со постојниот буџет 61.7000.000, односно досегашниот буџет кој издвојуваше за хоспитализацијата на овие пациенти, сега овие 12,5 милиони денари Клинката ќе ги пренамени за други здравствени услуги и на други осигуреници.

 

Укажуваме и дека над 40 проценти од лицата кои се заболени од ХОББ, во моментов не се дијагностицирани. Секој пушач кога ќе се јави на лекар и ќе се пожали на симптоми како кашлица со искашлување, отежнато дишење, краток здив или свирење во градите, неопходно е да се направи спирометрија со која се одредува вентилаторната функција. Овој тест е неинвазивен, нема потреба пациентот да се изложи на напор, да му биде извадена крв или да биде изложен на зрачење.

 

Главните симптоми на ХОББ се кашлица, краток здив, свирење во градите, болки во градите во вид на стегање. Пациентите со напредната форма на ХОББ често развиваат респираторна слабост. Кога ќе се случи ова, кај нив се јавува цијаноза на слузниците и кожата што е резултат на недостаток на кислород во крвта како и вишокот на јаглеродниот диоксид во крвта кој покрај цијанозата причинува и главоболка, сонливост или грчеви. Компликација на напредната ХОББ се и промените на срцето познати како хронично белодробно срце кои се резултат на неговата зголемената работа  за да ја уфрли крвта во болнопроменетите бели дробови.

 

Во лекувањето на пациентите кај кои дошло до респираторна слабост, а тоа се пациенти во трети и почесто во четврти стадиум на болеста (FEV1<30 проценти), а вредностите на парцијалниот притисок и сатурацијата со кислород се ниски потребно е да се употреби заместителна терапија со кислород. Терапијата со кислород се препорачува да трае над 15 часа во тек на денот, со ниски протоци 1,5 до 2 литри во минута, протокот може да се зголеми за 1 литар во минута за време на напор или преку ноќ во време на спиење. Ова го намалува ризикот од развој на пулмонална хипертензија, хронично пулмонално срце како и зголемувањето на бројот на црвените крвни зрнца.

 

Во менаџирањето на болеста особено е важна превенцијта, а таа се состои во избегнување на ризичните фактори и вакцинирање на болните против грип, како и употреба на пнеумококна вакцина. Пациентите со ХОББ ќе мора да бидат одговорни кон себе, своето здравје и семејството и мора да престанат да пушат./крај/мф/бс

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет3 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија6 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија9 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија9 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија10 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија10 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија11 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ12 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа14 часа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет14 часа

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа15 часа

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа15 часа

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион15 часа

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет15 часа

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...

Македонија1 ден

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија1 ден

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија1 ден

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија1 ден

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...