Општество
Глобални млади лидери од 44 земји се едуцираат во Македонија
Mлади лидери од 44 различни земји, свечено по трет пат пат ја отворија летната школа „Институт за подготовка на глобални лидери” на Првиот приватен универзитет ФОН во Струга. Институтот е дизајниран да ги обучува идните генерации за ефикасно и етичко глобално лидерство, организиран од страна на Здружението на граѓани за глобални развојни иницијативи “ТРЕТ МИЛЕНИУМ”, и освен во Струга ќе се одржи во Битола и Скопје, до 24 август годинава.
„Институтот до сега се покажа како успешна светска приказна затоа што го организираме со цел да ги подготвиме идните млади лидери да размислуваат глобално во нивното локално и регионално делување. Како изминатите две години, така и годинава имаме исклучително амбициозни и талентирани учесници од сите континенти кои имаат можност да се едуцираат преку ексклузивната програма за сеопфатно лидерство со реномирани меѓународни професори“ изјави Ангела Велкова, извршен директор на Институтот за подготовки на глобални лидери.
Академски директор и еден од основачите на Институтот е Сем Потоликио, кој предава на Универзитетот Џорџтаун, Вашингтон и на Руската Претседателска Академија, Москва. Потоликио неодамна беше избран меѓу “Најдобрите 300 професори во САД”, според познатиот Принстон Преглед, единствениот професор во Америка именуван од областа на политичка комуникација.
„Од она што го слушнавме денес од учесниците, убеден сум дека сме уште поблиску до промена на лидерската парадигма во светот. Програмата во Македонија е одлична можност да успееме во нашата мисија, особено кога земјата е домаќин на досега најразноликата програма во поглед на земји-учеснички кои вклучуваат земји како Мексико, Филипини, Колумбија, Замбија, Никарагва, Јапонија, Австралија, Боцвана и тн.” вели aкадемскиот директор и еден од основачите на Институтот е Сем Потоликио.
На Институтот исто така предава Брендон Торнхил-Милер, Директор на Одделот за психологија на Универзитетот на Оксфорд кој ќе користи иновативни техники за зголемување на самодовербата и само-реализирање преку индивидуална анализа на лидерскиот потенцијал како и надминување на потенцијални слабости.
Учество ќе земат и регионални професори, бизнисмени, политичари, јавни личности, дипломати, амбасадори кои преку своите гостински предавања ќе им го пренесат своето искуство на младите учесници./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

