Контакт

Општество

Граѓански организации со порака до ЕУ и САД: Заедничка одговорност за стабилноста и демократизацијата на Македонија

Објавено пред

Во пресрет на новата рунда преговори која треба да се одржи во среда во Брисел меѓу двајцата лидери на најголемите политички партии во Македонија, со посредништво на еврокомесарот Јоханес Хан, одреден број граѓански организации во земјава упатија порака до ЕУ и САД.

dobivaj vesti na viber

Поводот за ова обраќање е изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан, дадена во САД, во која тој, последните парламентарни избори одржани во 2014 година, ги оквалификува како генерално позитивни притоа наведувајќи дека извештаите на ОБСЕ/ОДИХР констатираат генерално демократска атмосфера, стои во писмото на НВО секторот.

„Поттикнати од ваквата изјава, сакаме да потсетиме дека ефикасно спроведени избори, воедно, не значат и фер и демократски избори. Да не заборавиме дека ОБСЕ/ОДИХР, во извештајот на кој се повикува комесарот Хан, се осврнуваат на низа недоследности и незаконитости во изборниот процес, почнувајќи од селективниот пристап на медиумите во информирањето, прогонот на неистомислениците, неподеленоста меѓу државата и партијата, како и констатацијата дека за време на изборите можеше да се почувствува структурно насилство кое. пред сѐ, се однесува на државната администрација. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, во тоа време, не можеше да знае за содржината на разговорите во кои најтранспатентно се откриени методите на вршење изборно насилство и измами. Впрочем, невладините организации кои ги следеа изборите констатираа купување изборни гласови, агитација и притисоци врз вработените во државната администрација, некредибилност на избирачкиот список, како и неконтролирано издавање лични документи и низа други неправилности“, се вели во писмото.

„Во оваа смисла, изјавата на еврокомесарот Хан ја сметаме за крајно непринципиелна и, во најмала рака, неиздржана, особено ако се има предвид дека и самиот Хан, во истата изјава, наведува дека во разговорите објавени од опозицијата постојат содржини кои јасно укажуваат на кривични дела кои треба да се истражуваат. Имајќи го сево ова предвид, за нас е нејасно кој е мотивот  на еврокомесарот Хан да даде позитивна оценка за изборите и дали тој алудира на тоа дека Груевски би можел да биде оној кој би ги спровел изборите и во 2016 година?“, се наведува во писмото на НВО секторот.

„Владата на Никола Груевски има докажана практика на фалсификување избори со што сосема ја делигитимира волјата на граѓаните. Барањето Никола Груевски да даде оставка и да биде формирана преодна влада која би ги спровела предвремените избори во април 2016 година, се темели на ставот дека после објавувањето на ‘бомбите’ од страна на лидерот на СДСМ, владата на Никола Груевски нема никаков легитимитет да ги спроведе идните избори. Дополнително, во овие разговори обелоденети од опозицијата се открива дека партиите на власт, воопшто не се воздржуваат од злоупотреба на институционалните механизми и на моќта која ја имаат од позиција на власт за да ги заплашуваат и уценуваат граѓаните, да се пресметуваат со неистомислениците или да ја дисциплинираат својата партиска војска. Притоа, нагласуваме дека таквата практика не е инцидент, туку воспоставено секојдневие со кое ние – граѓаните постојано се соочуваме. Дури и во овој период на преговори, Никола Груевски се служи со истите методи на притисоци, заплашување и гонење неистомисленици, за што говорат заканите за апсења на новинари, запалени автомобили на опозициски активисти, физички напади врз граѓански активисти и опозиционери, кои не добиваат правна разрешница од страна на институциите“, стои уште во писмото.

„Токму затоа, Груевски мора да поднесе оставка како чин на политичка одговорност за сé што досега има направено. Неговата оставка подразбира дека ниту тој, ниту неговиот тим министри, немаат кредибилитет да бидат дел од преодната влада која би имала за цел да ја реши длабоката политичка криза во Македонија и да организира фер, слободни и демократски избори. Дополнително, потсетуваме дека истовремено со изборот на преодната влада, неопходни се и неколку структурни реформи: прочистување на избирачкиот список, ослободување на јавниот радиодифузен сервис – МРТ од контрола на власта и избор на независен јавен обвинител“, порачуваат од НВО секторот.

Во писмото уште се наведува дека овие граѓански организации сметаат оти Европската унија има посебна одговорност во спроведувањето на европските вредности, како што се демократијата, владеењето на правото и заштита на човековите права, во Македонија.

„ЕУ и САД, исто така, имаат одговорност за мирот, стабилноста и демократизацијата на нашата држава, како гаранти на Охридскиот рамковен договор од 2001 година. Ваквата одговорност подразбира помош за државата во суштинското решавање на политичката криза и искоренувањето на диктаторските практики на актуелната власт. Токму затоа, оваа политичка криза не смее да се набљудува како спор меѓу две партии, туку, како борба на граѓаните против автократската влада. Во спротивно, доколку ЕУ и САД ги релативизираат длабоките проблеми со демократијата и функционирањето на институциите во Македонија, би можеле да помогнат во одржување на диктатурата и да предизвикаат огромно разочарување кајпро-европските граѓани кои се искрено определени за демократска и просперитетна Македонија“, заклучуваат во своето писмо претставниците на НВО секторот./крај/мф/бс

 

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет29 минути

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа31 минута

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет36 минути

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет6 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет6 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет8 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија9 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија10 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија11 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет11 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет12 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет14 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет14 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет15 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет18 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија20 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет21 час

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет23 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет1 ден

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...