Контакт

Општество

Граѓанско бдеење за Уставот во вторник

Објавено пред

Платформата за граѓанска политика АЈДЕ!, најави бдеење за зачувување на Уставот што ќе го реализираат во вторник кон среда, при што ќе ги пречекаат судиите кои за среда најавија седница на која ќе разгледуваат повторно дали да му се дозволи на претседателот правото да помилува осудени за изборен криминал.
  

dobivaj vesti na viber

Платформата за граѓанска политика АЈДЕ!, најави бдеење за зачувување на Уставот што ќе го реализираат во вторник кон среда, при што ќе ги пречекаат судиите кои за среда најавија седница на која ќе разгледуваат повторно дали да му се дозволи на претседателот правото да помилува осудени за изборен криминал.

  

Најавија дека во вторник, во 18 часот, од пред Владата ќе почне протестен марш, кој ќе помине покрај народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов и Собранието, и ќе заврши пред Уставниот суд со голем народен протест. Вечерта, пред Уставниот суд ќе се одржи бдеење над Уставот, а в среда ќе ги пречекаат уставните судии кои на седница треба да одлучуваат за иницијативата, да се прогласат за неуставни дел од одредбите на Законот за помилување.

Најавија и дека ќе побараат оставка од оние уставни судии кои ја поддржуваат ваквата иницијатива, се со цел, во иднина, да не носат и други одлуки кои ќе му наштетат на Уставот и суверенитетот на државата, и пред се на интересите на граѓаните.

„Како граѓани ги повикуваме сите граѓани, без оглед дали членуваат во партии, синдикати и здруженија, да излезат на протестот во вторник и во среда кога ќе се гласа за одлуката. Бдеењето ќе продолжи цела ноќ, во среда ќе ги пречекаме уставните судии и ќе бидеме гласни за одлуката без преседан, рече Петрит Сарачини од граѓанската платформа „Ајде“.

„Се она што се случуваше во изминатиот период беше увертира на она што треба да биде кулминација во среда, односно да се прогласи Законот за помилување за неуставен и тоа поради неговите одредби коишто предвидуваат дека одредени кривични дела не можат да бидат помилувани од страна на претседателот. Ги повикуваме граѓаните да ни се придружат во вторник за да го изразиме својот револт за криминалот и за она што се сака да се случи во Македонија, да се урне целосно правната држава и правдата“, изјави претседателката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска.

Таа нагласи дека Хелсиншкиот комитет ќе биде присутен на седницата во среда, како набљудувач и како „потсетник за срамот од она што го прават судиите, пред се оние кои гласаа за оваа иницијатива“.

На новинарско прашање, дали очекуваат уставните судии да ги послушаат и да се повлечат, Сарачини изрази очекување, дека ќе ја преиспитаат својата одлука.

– Имајќи предвид како се избрани дел од овие уставни судии, дека нивното донесување на оваа позиција е октроирано, под политички диктат, не очекуваме многу разум, но очекуваме дека, доколку ги видат граѓаните и доколку јавноста создаде соодветен притисок, длабоко да размислат за да ја преиспитаат нивната одлука. Доколку не, ќе се соочат со гневот на граѓаните“, рече Сарачини./крај/мф/бб

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија18 часа

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија19 часа

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет22 часа

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија22 часа

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија23 часа

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија23 часа

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет23 часа

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ24 часа

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет1 ден

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет1 ден

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...

Свет1 ден

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...

Македонија1 ден

Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во...

Европа1 ден

(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот

Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле....

Македонија2 дена

Мицкоски: Ако заѕиданите пари биле од продажба на нива, што би барале во ѕидот?

Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е последица на антиуставниот имплант СЈО, вели премиерот Христијан Мицкоски....

Македонија2 дена

Грипот стивнува, намалени бројките на новозаболени, но остануваат препораките за маска во простории со многу лица

Институтот за јавно здравје и оваа недела пријави помал број новозаболени од грип и заболувања слични на грип. Директорката Марија...

Македонија2 дена

Брисел ги прифати барањата, возачите се признаени како професионалци, го решаваме проблемот со превозниците, објави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што вели, „одлични вести“ во...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Техничката влада мора да остане, не се созреани условите за укинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека техничката влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино...

Македонија2 дена

Бислимоски и РКЕ очекуваат расчистување на случајот со „Тритерол Петрол“: Постапено е согласно закон

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени...

Топ2 дена

Мицкоски: Нема да има уставни измени без загарантираните права на Македонците во Бугарија и без гаранции дека нема да се соочуваме со блокади од субјективни причини

На денешната собраниска седница за пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Скендер Реџепи околу уставните...