Општество
Грант од 750.000 денари за приватни старечки домови
Десет приватни старечки домови, во среда, добија грантови во висина од 750 илјади денари неповратни средства наменети за опрема и репроматеријали, со што се планира да се зголеми капацитетот за згрижување стари лица во приватни домови.
Дополнително, на овој начин ќе се обезбедат работни места, а ќе се зголеми и конкуренцијата што треба да влијае и на подобрување на условите за згрижување.„Мерката Грант за основање приватен дом за стари лица со неповратни средства во износ од 750 илјади денари ја реализираме првпат годинава со цел да ги мотивираме инвеститорите да вложат во отворање вакви домови. Со тоа ќе се зголеми бројот на приватни домови за стари лица, ќе се зголеми капацитетот за згрижување на старите лица во Македонија, а и да влијаеме на зголемување на бројот на вработени во овој сектор“, рече при доделувањето на грантовите дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов.Приватните домови за стари лица парите ќе може да ги вложат за набавка на опрема и репроматеријали. Планирано е со овие 10 приватни домови да се отворат околу 350 дополнителни легла за старите лица и над 100 работни места.Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски појасни дека во изминатиот период Агенцијата и МТСП заедно со основачите на овие нови капацитети за стари лица работеле на тоа да се комплетира документацијата и да се проверат условите во кои во иднина ќе бидат сместени старите лица, што резултирано со денешното доделување на грантовите од 750 илјади денари.„Со ова не само што ќе се зголемат квалитетот и условите за згрижување на старите лица, туку и дополнително ќе се мотивираат и оние што планирале во иднина да отворат старечки домови, да дојдат во АВРМ, и да поднесат апликација“, рече Поповски.Спасов пак, информира и дека се очекува финализирање и на реализацијата на мерката Грант за основање приватна градинка. Досега, рече тој, има околу седум апликанти, од кои најмалку пет се очекува да ги исполнат предвидените услови и да се заврши реализацијата на околу пет гранта за детски градинки. Додаде дека постои уште слободен простор заинтересираните за оваа година да бидат финансирани за основање детска градинка да аплицираат во центрите за вработување при АВРМ и да искористат можноста за грант од 600 илјади денари./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

