Општество
Груевски и Спасов ги посетија децата во одморалиштето „Мајски цвет“

Премиерот Никола Груевски и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во неделата ги посетија децата од семејствата од социјален ризик, приматели на парична помош, на посебен додаток, како и децата без родители и родителска грижа кои летово се на одмор во Струга во Рекреативниот центар за деца и младинци „Мајски цвет“.
Премиерот Никола Груевски и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во неделата ги посетија децата од семејствата од социјален ризик, приматели на парична помош, на посебен додаток, како и децата без родители и родителска грижа кои летово се на одмор во Струга во Рекреативниот центар за деца и младинци „Мајски цвет“.
Спасов изјави дека овој проект, започнат во 2012 година, ќе продолжи и натаму.
„Досега над 7.850 деца ја искористиле оваа бесплатна услуга и исто толку семејства имале на некој начин полза од овој проект наменет, пред се, за дечињата од семејствата со социјален ризик, како и децата без родители и родителска грижа. Денеска ја испраќаме претпоследната група од околу 200 дечиња и доаѓа последната група со околу 100 дечиња“, изјави Спасов./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
76 нови случаи на Ковид-19 и три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 56, Битола – 10, Кавадарци – 3, Охрид и Кичево по 2 и по еден заразен од Куманово, Гевгелија и Ресен.
Од вкупниот број на позитивни (76), регистрирани се 14 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ дополнително се регистрирани 3 починати лица од Скопје (80), Охрид (82) и Куманово (75). Сите лица се починати во болнички услови, во периодот од 17 април – 17 мај годинава.
Во последното деноноќие регистрирани се 73 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола и Охрид по 5, Кавадарци – 4, Прилеп и Штип по 3, Ресен, Тетово, Гостивар, Делчево и Берово по 2 и по еден оздравен од Куманово, Струмица и Струга.
Направените 1.232 тестови се преку: ИЈЗ-104, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-18, лабораторија болница Козле-18, Институт за микробиологија–81, Жан Митрев (Филип Втори)-60, Авицена-13, Биотек-29, Систина-20, лабораторија Лаор-28, Синлаб-11, Ремедика-11, Плодност-11, Генеа-4, Никоб Лаб-84, ВФВ медикал-20, Ели медика плус-10, Ројал медика–2, Спектра-ММ-3, Рапид лаб–3, Жан Митрев Струмица–4, Нова лаб дијагностика–2, Рамус-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 587.
Досега во земјата се направени вкупно 2.042.527 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 311.113, бројот на оздравени пациенти е 301.275, на починати е 9.296, а бројот на активни случаи изнесува 542.
Според епидемиолошките анализи во моментот, ситуацијата по градови е следна:
Скопје 146341, Активни 328
Куманово 16665, Активни 13
Битола 15587, Активни 75
Прилеп 14194, Активни 14
Тетово 13470, Активни 5
Кавадарци 10675, Активни 15
Велес 9783, Активни 2
Гостивар 9603, Активни 7
Охрид 8890, Активни 16
Струмица 8071, Активни 1
Штип 8044, Активни 8
Кичево 5643, Активни 9
Кочани 5087, Активни 6
Струга 4724, Активни 4
Гевгелија 4418, Активни 5
Неготино 3687, Активни 2
Ресен 2744, Активни 10
Свети Николе 2628, Активни 3
Радовиш 2530, Активни 1
Крива Паланка 2414, Активни 0
Делчево 1983, Активни 1
Дебар 1675, Активни 1
Берово 1674, Активни 11
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1393, Активни 0
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 927, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 2
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 2
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
Македонија
Понеделник неработен за влашката заедница во државата

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 23 мај 2022 година, (понеделник), Национален ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.
Воедно, ресорното министерство на граѓаните припадници на влашката заедница им го честита Националниот ден на Власите.
Македонија
(Видео) Амир Дестанов, кој на натпреварот по математика на „Кенгур 2022“ освои трето место, на прием кај Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Амир Дестанов, ученик во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“, Шуто Оризари кој на натпреварот по математика на „Кенгур 2022“ освои трето место и е вклучен во активностите на „Дневниот центар за деца на улица“.
Пендаровски беше запознат со исклучително тешкото детство на Амир и со суровите услови на живот кои ги искусил од најмала возраст. Импресиониран од успесите и посветеноста на Амир, претседателот Пендаровски му го честиташе 3-то место на математичкиот натпревар и му посака светла иднина и безгрижни тинејџерски денови.
На средбата Пендаровски го охрабри Амир да продолжи со посветеноста во образовниот процес за да ги постигне своите цели за подобра иднина.
На средбата присуствуваа и наставничката по математика на Амир и претставници на дневниот центар, со кои се разговараше за постигнатиот успех на осмоодделенецот, како и за предизвиците и условите за работа на „Дневниот центар за деца на улица“.