Контакт

Општество

Груевски најави мерки за подобрување на студентскиот стандард

Објавено пред

Преку мерката „Еден клик“, гужвите на шалтерите на службата за Студентски прашања заминуваат во минатото, истакна во саботата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната промоција на нови мерки за младите на која особено ја истакна мерката за промена на студентски статус и значи намалување за 50 отсто на партиципацијата за студентите кои имаат просек повисок од 8,5.

dobivaj vesti na viber

Најголема задача е да им се помогне на младите, да се направат проекти и мерки кои ќе бидат одговор на нивните проблемит, за да се промениме нештата кон подобро, а само работата ќе донесе подобро утре.„ Ваквиот начин на работа не е лесен, а граѓаните најдобро знаат кој и што работи“, истакна Груевски.

„Но, ова однесување не го практикуваат сите, ние сме различни од нашите конкуренти. Тие се добро прочитано четиво, кое граѓаните не го сакаат. Македонија нема време за губење, и затоа ние целиот наш капацитет и време го насочуваме кон креирање и реализирани на проекти и мерки“, рече Груевски.

Нагласи дека промовираните седум мерки и проекти за младите со кои ќе се подобри и унапредни нивната положба.

Првата од нив е насловена како „Еден клик“, а се состои од поедноставување на процедурите кон факултетот. Студентите како што потенцираше Груевски, ќе заштедат и време и средства, бидејќи услугите кои сега ги добиваат од пултот на студентски прашања ќе може да ги добијат електронски преку компјутер.

„Ова е капитален проект за олеснување на процесот за студирање. Секој студент ќе може да се логира и како регистриран корисник ќе може да пријавуваа испити, да заверуваа семестри, плаќање такси, добивање електронски потврди неопходни при конкурирање за студентски легла… Ќе се избегнат редиците на студентски прашања, чекањето гужви и ќе се намалат трошоците“, рече Груевски.

Додаде дека преку овие мерки е се избегне и можна корупција, ќе се намалат и административните обврски на вработените во високообразовните установите.

„Вработените во службата за Студентски прашња нема да бидат заборавени, тие ќе ги задржат своите работни места, и не треба да се грижат“, порача Груевски

Појасни дека откако ќе бидат направени сите неопходни чекори и подготовки, ќе се започне со реализација на проектот на почетокот на 2017 година, за што ќе бидат вложени 18 милиони денари.

„Преку овој проект на студентите кои се запишале со кофинансирање, ќе им се овозможи да им се намали партиципацијата, учеството за 50 отсто, доколку го постигнат планираниот просек со што ќе заштедат половина од сумата за студирање. Имено, останувајќи доследни на реформите со кои се предвидуваат бројни стимулации и награди за најдобрите студенти, предвидуваме проект преку кој секој студент запишан на некои од државните универзитети“, рече Груевски.

Секој студент кој се запишал во квотата со кофинансирање, врз основа на што плаќал сума од 400 евра на годишно ниво, доколку по втора завршена студиска година на прв циклус на студии, практично по положувањето на сите дотогашни испити оствари просек над 8,5 по автоматизам да биде префрлен на државна квота и да плаќа за 50 отсто понизок надомест во преостанатиот период на студирање, односно 200 евра на годишно ниво.

„Овие студенти ќе останат во државна квота се додека го одржуваат својот просечен успех над 8,5 просечна оценка. Така постигнатиот успех дополнително ќе го ефектуираат, а ќе се потикнат и сите останати студенти. Ова ќе биде значителен стимул за студентите кои ќе вложат труд и ќе бидат посветени на образовниот процес“, додаде Груевски.

Овој проект ќе биде реализиран од септември 2017 година, а ќе претставува стимулирање за секој студент да учи повеќе, односно да има повеќе знаење и со тоа да заштеди повеќе свои средства или на своите родители.

„Да потсетам, за време на претходните влади се плаќаа поголеми средства за партиципација. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја намали партиципацијата на факултетите која некаде достигнуваше дури до 1.400 евра и сето тоа го намали на 200 евра односно на 400 евра за оние кои што се со кофинансирање, односно партиципација“, потсети Груевски./крај/мф/ст

/крај/мф/ст

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија8 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ10 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија10 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија11 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија12 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа13 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија14 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија14 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија14 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет15 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет15 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа16 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа16 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа16 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија1 ден

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија1 ден

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...