Контакт

Општество

И Македонија задолжително да ги тестира возачите од слип-апнеа

Објавено пред

Институциите во земјите од регионот и Македонија да ја применат регулативата на ЕУ за задолжително тестирање на возачите за опструктивна ноќна апнеа и дополнително да преземат ефективни мерки за нејзино навремено откривање и успешно лекување, повикаа експертите на конферецијата во Скопје.
 

dobivaj vesti na viber

Институциите во земјите од регионот и Македонија да ја применат регулативата на ЕУ за задолжително тестирање на возачите за опструктивна ноќна апнеа и дополнително да преземат ефективни мерки за нејзино навремено откривање и успешно лекување, повикаа експертите на конферецијата во Скопје.

 

До 30 отсто од смртните случаи во сообраќајни несреќи можат да се спречат со навремена дијагноза и лекување на опструктивната ноќна апнеа – најчестиот облик на пореметување во дишењето за време на спиењето.

 

За да се намали ваквиот црн биланс на патиштата ширум  Европа, од почетокот на идната година во земјите од Европската Унија се воведува обврска за задолжително тестирање на опструктивна ноќна апнеа за сите сегашни и идни возачи. Ова е една од главните цели на состанокот на водечките медицински експерти за пореметувања во спиењето од централна, источна Европа и Русија, што во организација на компанијата Philips се одржува во Скопје.

 

Експертите ги повикаа институциите во земјите од регионот и Македонија да ја применат регулативата на ЕУ за задолжително тестирање на возачите за оваа болест и дополнително да преземат ефективни мерки за навремено откривање и успешно лекување на опструктивната ноќна апнеа од која страда 5 отсто од возрасната популација или 100 милиони луѓе во светот и претставува сериозен здравствен, но и социјален и економски проблем за земјите поради сериозните последици што ги предизвикува.

 

Податоците на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје покажуваат дека во Македонија опструктивна ноќна апнеа годишно се открива само кај 50-тина пациенти, иако нивната реална бројка достигнува и до повеќе од 100.000 лица.

 

„Уште поалармантен е податокот дека само 16 отсто од малкуте пациенти кај кои се дијагностицира ноќна апнеа се лекуваат. Останатите продолжуваат да живеат со проблемот кој го загрозува нивното здравје, им го скратува животниот век и до 10 години во просек и го зголемува ризикот за сообраќајни и други несреќи кои можат да ги предизвикаат овие луѓе поради тоа што заспиваат возејќи во текот на денот”, вели проф. д-р Бисерка Јовковска Ќаева, директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија.

 

Нејзиниот колега и претседател на Македонското здружение за ноќна апнеа, професор д-р Дејан Докиќ објаснува дека заради повеќекратните прекини на дишењето за време на сонот, од кои секој може да трае од 10 секунди до две минути, кај пациентите со ноќна апнеа доаѓа до намалување на дотокот на кислород до виталните органи, меѓу кои и до срцето и мозокот.

„Ваквата состојба, доколку не се открие и лекува, може да предизвика бројни сериозни заболувања, како висок крвен притисок, срцеви напади, мозочен удар и дијабетес. Исто така, заради заспивањето во текот на денот овие пациенти имаат и до 12 пати поголем ризик да предизвикаат сообраќајна незгода во споредба со здравите луѓе. Ваквите последици се премногу сериозни за да можат да бидат игнорирани“, дециден е проф. д-р Докиќ.

 

Вкупните трошоци на здравствените системи за лекување на сериозните заболувања кај луѓето предизвикани од ноќната апнеа се огромни. Само во САД тие годишно се проценуваат на 3,4 милијарди долари. Но, вкупниот товар врз националните економии е далеку поголем поради индиректните штети предизвикани од намалена работоспособност, повредите и несреќите случаи предизвикани од заспивање на пациентите со ноќна апнеа во текот на денот.

 

„Резултатите од истражувањата јасно покажуваат дека вкупната инвестиција за лекување на ноќна апнеа со CPAP-апарат кај пациентите се исплатува за помалку од 2 години. Тоа е далеку поисплатливо за пациентите и за националните здравствени системи, отколку справување со долгорочните сериозни економски и здравствени последици кои ги предизвикува ноќната апнеа, доколку навремено не се открие и лекува. Оттаму сосема е јасно што треба да се преземе“, вели професорот Дерк Јан Дијк, директор на центарот за клинички истражувања на сонот на Универзитетот во Сури во В. Британија.

 

Медицинските експерти се согласни дека една од најефективните опции за лекување на опструктивната ноќна апнеа се апаратите со позитивен воздушен притисок- CPAP (Continuous Positive Airway Pressure) кои овозможуваат нормално дишење при спиењето.

Апаратите овозможуваат континуиран проток на воздух преку носот со користење на маска. Воздушниот притисок кој се регулира мануелно или автоматски спречува колапс на воздушните патишта и прекин на дишењето. Ваквите апарати, кои се иновација на компанијата Philips,се достапни и во Македонија и овозможуваат ефикасен третман на ноќната апнеа во домашни услови./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет47 минути

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет55 минути

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа1 час

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија12 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија17 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија18 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија19 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија20 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија21 час

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа21 час

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија22 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион22 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет22 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија23 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија23 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија23 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион24 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет24 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет1 ден

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион1 ден

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...