Контакт

Општество

И покрај финансиската стимулација нема гинеколог што би работел во Шуто Оризари

Објавено пред

Во врска со одржаниот протестен перформанс на Иницијативата на жени од општина Шуто Оризари, од Министерството за здравство информираа дека распишан е оглас за гинеколог кој постојано би работел во оваа скопска општина, но дека се уште никој не се јавил на огласот.

dobivaj vesti na viber

Инаку, потсетуваат дека ги реализирале сите ветувања кои произлегоа од одржаниот состанок на министерот Никола Тодоров со претставниците на Иницијативата на жени од општината Шуто Оризари.„Ветивме дека наместо еднаш неделно, како дотогаш, ќе има три пати неделно присуство на тим од доктор-гинеколог и медицинска сестра во гинеколошката ординација во Шуто Оризари. Веднаш го реализиравме ветувањето, и секој понеделник, среда и четврток од 8:30 – 14:30 часот, во ординацијата во Шуто Оризари работи тим од гинеколог и медицинска сестра од Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир“, стои во реакцијата на министерството. Објаснуваат дека следниот ден, по одржаниот состанок со претставници на Иницијативата на жени од општината Шуто Оризари, министерството за здравство го објави огласот, со субвенција за матичен гинеколог, со цел поттикнување интерес.„Во објавениот оглас е наведено дека за избраниот матичен гинеколог е предвидена дополнителна финансиска стимулација од 15.000 денари месечно за период од две години, обезбедена од страна на Министерството за здравство од превентивните програми. На објавениот оглас за матичен гинеколог во општина Шуто Оризари се уште не се пријави заинтересиран кандидат, но и понатаму, како и досега, Министерството за здравство ќе вложува напори за обезбедување матичен гинеколог за жените од оваа општина“, велат од министерството.Додаваат дека на состанокот било јасно потенцирано од страна на министерот Тодоров дека не може со сигурност да вети дека ќе се пријави лекар на огласот, но ќе дадат субвенција и ќе го објавуваат огласот се додека не се пријави кандидат./крај/со/бб

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет34 минути

(Видео) Најмалку 15 загинати во стампедо на аџилак во Индија

Најмалку 15 луѓе загинаа во стампедо во Кумб Мела, масовен хиндуски аџилак, во Прајаграџ, северна Индија, во неделата вечерта, објави...

Свет39 минути

(Видео) Снимено уривањето на моќниот американски авион Ф-35 на Алјаска

Борбен авион Ф-35 се урна за време на тренинг вежба во воздухопловната база Ајелсон на Алјаска, а пилотот се катапултира...

Свет50 минути

Првиот гостин на Трамп во Белата куќа: Нетанјаху оди во САД

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху следната недела ќе се сретне со новиот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа, соопшти вчера...

Свет11 часа

Путин: Ако Западот престане да финансира, Владата на Украина ќе падне за еден месец

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека суверенитетот на Украина е „речиси на нула“ и дека владата во Киев „ќе...

Македонија16 часа

Мицкоски го поддржа бојкотот на маркетите: Од почеток зборувам за поединци во овој бизнис, кои шпекулативно сакаат да профитираат

Најавите за бојкот на маркетите кај нас в петок, по примерот на бојкотот на маркетите во Хрватска и Црна Гора,...

Македонија17 часа

Недостигаат лекови за 40 до 60 пациенти на Онкологија

За 40 до 60 пациенти во моментот недостигаат лекови на Онкологија. Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски,...

Регион20 часа

(Видео) Српскиот премиер даде оставка: Апсолутно сè е планирано од странство, не се сомневам во тоа

На денешната вонредна прес-конференција српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка. „Почитувани граѓани, кога на крајот на април минатата година го...

Македонија21 час

Најави за бојкот на маркетите и во Македонија поради високите цени

Пораки за бојкот на маркетите во Македонија поради високите цени на производите осамнаа на социјалните мрежи по примерот на Хрватска...

Македонија21 час

Кумановец почина од Ковид

Лице од Куманово на возраст над 60 години починало минатата недела од Ковид-19. Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираа...

Македонија22 часа

Македонец во Србија возел 184 километри на час, па удрил во полициско возило и повредил полицаец

Дваесет и тригодишен македонски државјанин е уапсен завчера оти возел 184 километри на час на автопатот кај Бујановац. Во оваа...

Македонија22 часа

ЕСМ бара поскапување на парното греење во Скопје

ЕСМ до Регулаторната комисија за енергетика поднесе барање за промена на максималниот регулиран приход и цена за 2024 година за...

Европа23 часа

Русија објави учебник во кој тврди дека била принудена да ја нападне Украина

Вчера, во Москва беше претставен нов школски учебник, кој ја споредува војната на Русија во Украина со советската борба против...

Свет23 часа

„Гугл“ ќе му угоди на Трамп: името на Мексиканскиот Залив се менува на мапата

„Гугл“ вчера објави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во „Заливот на Америка“ на „Гугл мапс“ откако администрацијата...

Свет1 ден

Трамп: Не сум 100 отсто сигурен дека не смеам да се кандидирам за трет мандат

Поранешниот и нов американски претседател Доналд Трамп предизвика нова полемика со изјавата дека не е 100 отсто сигурен дека не...

Свет1 ден

Милијардер потврден како министер за финансии на Трамп, го поддржаа и многу демократи

Американскиот Сенат го потврди Скот Бесент за министер за финансии давајќи му на милијардерот и менаџер на хеџ фондовите централна...

Регион1 ден

(Видео) Вучиќ им се обрати на студентите, тие го игнорираа: објавени снимки од блокадата

Студентите, кои повеќе од два месеци блокираа околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад,...

Македонија1 ден

(Видео) Македонските Евреи се дел од нашиот идентитет, рече Давкова и повика на организирани посети на Треблинка

Не смее да има дете, млад човек, возрасен што не знае за холокаустот, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која вечерва присуствуваше...

Свет2 дена

Шефот на НАТО: Два проценти од БДП за одбраната беа поставени пред 10 години, тоа веќе не е доволно

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска ги повика земјите-членки на НАТО да трошат повеќе за одбрана од сегашната цел...

Македонија2 дена

Јаневска: Новата концепција е на јавна расправа, не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени

Не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени од концептот за реформа во гимназиското образование. Се работи за...

Македонија2 дена

Отворено писмо од гимназиски професори: Со отстранувањето на философијата во македонското образование стануваме периферија

Гимназиски професори по философија, логика и етика реагираат по повод Концепцијата за гимназиско образование, истакнувајќи дека радикално и категорично ja...