Општество
Имплементација на реформските приоритети во областа на јавната администрација
Активностите за реализација на итните реформски приоритети во однос на европските интеграции беа главна тема на средбата во понеделникот помеѓу министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.
„Од сите реформски приоритети нашето Министерство е надлежно за две теми: реформата на јавната администрација и медиумите. И во извештајот за напредокот и во препораките на Прибе забележано е дека од нас се бара ригорозна имплементација на новата законска рамка за јавна администрација“, рече Арсовска Томовска, додавајќи дека на работниот состанок ќе се разговара за процесот на имплементација на новата законска рамка, како на пример подигнувањето на Агенцијата за администрација во еден сосема нов модерен центар за селекција на кандидати за вработување.
На состанокот беше истакната потребата, институциите во најбрз можен рок да ги донесат актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, а понатаму да го полнат единствениот софтвер за управување со човечки ресурси со податоци за самите институции:
„Овој систем ќе биде еден од најголемите вакви системи, т.н. Регистар на јавниот сектор кој освен податоците за вработените ќе опфаќа и податоци за институциите, за нивната организациска поставеност, за платите на вработените, трансфер листа, за мерење на ефектите итн.“, рече Арсовска Томовска.
Тема на разговор беше и областа на медиумите, како што се начините за унапредување на работата на радиодифузниот сервис, зајакнувањето на неговите капацитети и потребата од донесување кодекс на професионални стандарди. Исто така, беше потенцирана заложбата за континуиран дијалог со новинарските и медиумските здруженија, во врска со сите иницијативи во оваа сфера.
На работниот состанок, освен членови на работните групи и целото раководство на министерството, учествуваа и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски, Ромео Деребан, директор на Државен управен инспекторат како и Жаклина Николовска, директор на Агенцијата за администрација./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

