Контакт

Општество

Истекува рокот за избор на „Најдобар млад научник“ за 2016 година

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Уште две недели трае можноста за аплицирање на Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2016-та година, признание што го доделува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2016-та година е отворен до 31-ви декември за сите млади луѓе до 30 години, кои во досегашната научна работа имаат постигнато значајни научни резултати.

 

Услов за конкурирање на заинтересираните е да имаат добиено награда и/или признание за научно-истражувачка работа, резултатите од научно-истражувачката работа да се објавени и применетост на резултатите од научното истражување за тековната 2016-та година.

 

Доделувањето на признанието „Најдобар млад научник“, по иницијатива на претседателот Иванов, има за цел  да го поттикне развојот и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања.

 

„Ова е седма година по ред како се доделува признанието Најдобар млад научник, на иницијатива на претседателот Иванов. Целта на доделувањето на ова признание е да се стимулираат младите да се бават со наука. Ова признание е посветено на сите млади што ја сакаат науката, се занимаваат со истражување и имаат постигнато одредени резултати во својата работа. На него може да аплицираат млади научници до 30-годишна возраст, кои се занимаваат со научно-истражувачка работа во земјава или во странство“, вели проф. д-р Атанас Кочов, од Машинскиот факултет – Скопје, претседател на комисијата за избор на „Најдобар млад научник“.

 

Признанието „Најдобар млад научник“ беше прв пат доделено од страна на претседателот Иванов во 2010-та година, на м-р Никола Златанов.

 

Во 2011-та година признанието му беше доделено на д-р Трифче Сандев, кој своето високо образование го има стекнато на Институтот за физика, на Природно-математичкиот Факултет – Скопје, каде и ја одбрани неговата докторска теза.

 

Во 2012-та година признанието „Најдобар млад научник“ беше доделено на д-р Катерина Бачева, која своето високо образование го има стекнато на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет.

 

Во 2013-та година признанието го доби м-р Петар Стојанов, биоинформатичар кој во Броуд Инститјут, Бостон, САД се занимава со биоинформатичка анализа на генетските промени кај малигните заболувања.

 

Носител на признанито „Најдобар млад научник“ за 2014-та година е м-р Даниел Денковски, кој работи на полето на електротехника и информациски технологии.

 

Во 2015-та година признанието „Најдобар млад научник“ го доби д-р Михаела Ангелова, која работи во полето на биоинформатиката.

 

„Секоја година просечно до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија пристигнуваат околу 25 пријави. Имало случаи кога пристигнувале и до 30 пријави. Ова покажува дека Македонија има млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со наука и имаат постигнати одредени резултати“, вели проф. Кочов.

 

Апликацијата за учество на јавниот повик треба да содржи биографија, реализирани проекти во 2016-та година со кои се конкурира и доказ за државјанство на Република Македонија.

 

Заинтересираните своите документите треба да ги достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31.12.2016 година./крај/мф/бс

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ6 часа

Битолчанец си го чистел таванот и нашол бомби

Шеесетгодишен маж од Битола пријавил во полицијата дека вчера при чистење на таванот од својот дом, пронашол бомби. Се работи...

Македонија7 часа

Антикорупциската комисија отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

Aнонимна претставка, во која се оспорува законитоста на именувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност...

Топ9 часа

Исчезна апарат за ехо дониран во кичевската болница, МВР го расчистува случајот

Вчера, во полицијата во Кичево било пријавено дека во Општата болница во градот недостига ехо-апарат. Се работи за апарат кој...

Македонија9 часа

Сто пациентки со карцином со приоритетни упати два месеца чекаат скен на коските, неопходен за да добијат терапија

На денешниот настан за поддршка на пациентите со карцином, „Појадок со онколошките пациенти“, здружението посветено на пациентите со рак и...

Топ10 часа

Малолетници тешко повредени при судир на мопед и патничко возило во Кочани

Вчера во 18.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа...

Топ10 часа

Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена во Скопско

Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.7“ во село Батинци, скопско, автобус на ЈСП со...

Македонија11 часа

Исчезна стружанец, отишол да бере печурки

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од Полициска станица Струга известиле дека има пријава на исчезнато лице од Струга, имено лицето...

Македонија11 часа

„Очигледно и на бугарската политика не ѝ недостига демагогија“: Георгиевски со реакција на бугарската министерка за Коридорот 8

Преку статус на социјалните мрежи, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски реагираше за изјавата на бугарската министерка за транспорт, Красимира Стојанова дека...

Македонија11 часа

ДУИ на средби со граѓаните: потребно е единство за да се запре понижувањето што им се прави на Албанците и на другите заедници

Демократската Унија за Интеграција вчера го одржа 16-тиот состанок на претседателството на Генералниот совет (Централното претседателство). На оваа средба се...

Свет13 часа

Западот сака да го изолира Путин, тој денеска докажува дека, дефинитивно, не е сам, пишува Си-ен-ен

Скоро три години откако руската инвазија на Украина беше осудена од земјите ширум светот, рускиот претседател Владимир Путин организира самит...

Свет14 часа

(Видео) Израел: Хезболах крие 500 милиони долари во готовина и злато под болница во Бејрут

Израелските одбранбени сили (ИДФ) декласифицираа разузнавачки информации за финансиските центри на Хезболах. Израел ја прошири својата кампања против Хезболах во...

Свет15 часа

(Видео) Масакр во близина на Сиетл, петмина мртви, меѓу нив три деца, фатен убиецот

Пет лица се убиени во масакр во куќа во близина на Сиетл, а за убиствата е осомничено 15-годишно момче, соопштија...

Европа15 часа

Руските сили ги враќаат изгубените територии: мапите покажуваат дека Украинците ги губат клучните позиции

Руските трупи продолжуваат да ги напаѓаат украинските сили во Курск, а мапите го покажуваат развојот на операцијата на Русија за...

Свет16 часа

(Видео) Пристигна реакцијата на Америка за испраќање севернокорејски војници против Украина

Ако Северна Кореја испрати војници во Украина, тоа би било „опасен и загрижувачки развој на настаните“, соопштија синоќа Соединетите Американски...

Свет16 часа

Извори: Хамас ќе биде предводен од петочлен комитет со седиште во Катар до нови избори

Исламистичката група Хамас, чиј шеф Јахја Синвар беше убиен од израелската армија, привремено ќе биде предводена од комитет со седиште...

Македонија1 ден

Регистриран земјотрес во Македонија

Попладнево нов земјотрес е регистиран во Македонија. Се работи за земјотрес со интензитет од 2.1 степен според Рихтеровата скала. Епицентарот...

Македонија1 ден

Бомбата фрлена во клубот во Тетово била активирана, но не експлодирала, соопшти полицијата

Министерството за внатрешни работи објави дека бомбата којашто беше фрлена утрово во клубот на Партијата за целосна еманципација на Ромите...

Македонија1 ден

Mицкоски: Дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа е последен услов

Мицкоски од Салцбург: Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања Претседателот...

Македонија1 ден

Бомба во клубот на ПЦЕР на Самка Ибраимовски во Тетово: „Лицето што ја фрлило се вратило да провери дали е активирана“

Бомба заврши во клубот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) во Тетово. Како што информира партискиот претседател Самка Ибраимовски,...

Македонија1 ден

Јаневска: Сè уште не е надминат проблемот со загревањето на училиштата во Карпош, се надевам дека со градоначалникот ќе најдеме решение

„За жал се уште не се надмина проблемот со загревањето на училиштата во Карпош“, посочи министерката за образование Весна Јаневска....