Контакт

Општество

Историски успех на Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика

Објавено пред

Сребрен и два бронзени медала освоија македонските средношколци на 26-тата по ред Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2014), која од 13-ти до 20-ти јули се одржува во Тајпеј, на Тајван

dobivaj vesti na viber

Македонскиот тим на овој светски најпрестижен натпревар од областа на програмирањето за средношколци, составен од учениците Бојан Серафимов, Климент Серафимов, Васил Кузевски и Филип Беџовски, предводени од лидерите на екипата, д-р Миле Јованов и м-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освои сребрен и два бронзени медали.

Постигнатиот резултат претставува најголем успех за Македонија на сите досега одржани интернационални информатички олимпијади, но и потврда дека македонските ученици со стекнатото знаење од областа на компјутерските науки можат да се носат рамо до рамо со најдобрите ученици во светски рамки. Сребрениот медал е прво вакво признание што го освојува еден македонски ученик и претставува успех со кој може да се пофалат помал број од земјите – учеснички на ИОИ.

Интернационална олимпијада по информатика е најпрестижниот годишен интернационален натпревар во програмирање за средношколци кој традиционално се одржува во една од земјите – членки на ИОИ заедницата. Секоја година, повеќе од 250 илјади млади луѓе од речиси 90 држави се натпреваруваат во борба да ја претставуваат својата држава на ИОИ.

На ИОИ 2014 учествуваат вкупно 315 ученици, кои право на учество обезбедија преку националните натпревари во програмирање спроведени во 80 земји од целиот свет. Во ваква силна конкуренција, првиот сребрен медал во историјата за Македонија го освои Бојан Серафимов, а бронзените медали ги освоија Васил Кузевски и Климент Серафимов.

„За да се постигне врвен резултат на вакво силно интернационално натпреварување секако е потребно да се поседува талент, да се има силна желба и мотивација, како и упорност, за да се жртвуваат часови од, и онака краткото, слободно време на учениците за постојано да се надградува знаењето од областа на алгоритамското програмирање, но и континуирано да се утврдува веќе стекнатото знаење преку решавање на колку што е можно повеќе задачи. Нашите ученици преку постигнатите резултати повеќе пати до сега докажаа дека поседуваат голем талент, како и исклучителна мотивираност и упорност, но на ИОИ 2014 допреа речиси до самиот светски информатички врв за својата возраст!“, рече м-р Емил Станков, заменик лидер на македонскиот тим на ИОИ 2014 и асистент на ФИНКИ.

Во својата изјава, водичот на тимот и претседател на Здружението на информатичарите на Македонија, д-р Миле Јованов рече дека е задоволен од успехот, бидејќи смета дека годинава учениците успеале да го презентираат на вистинско ниво нивното знаење.

„И во нивните очи не гледам среќа, туку задоволство – тоа е затоа што она медалите се постигнати со многу работа од нивна страна и од страна за Здружението на информатичарите. Благодарен сум на компанијата ’Нордеус’ која во најголем дел го понесе финансискиот товар за патувањето, преку нивната донација до ЗИМ, иако сé уште сме во ситуација кога самите натпреварувачи мора да покриваат дел од нивните патни трошоци. Се надевам дека од следната година владата ќе ја преземе финансиската обврска за спроведување на овие натпревари и ќе ја поддржи работата на ЗИМ заради која единствено на Информатичката интернационална олимпијада, споредено со олимпијадите од другите науки, имаме ваков значаен успех“, додаде д-р Јованов.

Ваквите резултати на тројцата матуранти од тимот им го отворија патот да студираат во САД и Обединетото кралство на едни од најпрестижните светски универзитети. Следната, 27-ма по ред, Интернационална олимпијада по информатика./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет2 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет4 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија5 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија6 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија7 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет7 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет8 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет9 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет10 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет11 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет13 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија16 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет17 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет18 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет23 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет1 ден

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет1 ден

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет1 ден

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет1 ден

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...