Општество
Истражување: Во Чаир штедат на храна и лекови за да го згреат домот
Жителите на скопските населби Чаир, Гази Баба и Железара, неретко штедат на храна и лекови, за во зима да можат да го згреат домот, покажува повеќегодишен меѓународен истражувачки проект кој се однесува на енергетската сиромаштија во Македонија.
Жителите на скопските населби Чаир, Гази Баба и Железара, неретко штедат на храна и лекови, за во зима да можат да го згреат домот, покажува повеќегодишен меѓународен истражувачки проект кој се однесува на енергетската сиромаштија во Македонија.
Во организација на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ и Универзитетот во Манчестер, Велика Британија, во петок, ќе се одржи работилница на тема „Енергетската сиромаштија во Македонија и во Европа“. На работилницата ќе бидат презентирани најновите резултати од повеќегодишен меѓународен истражувачки проект финансиран од Европската Унија, а кој меѓу другото се однесува на енергетската сиромаштија во Македонија. Проектот го раководи проф д-р Стефан Бужаровски од Универзитетот во Манчестер, а учествуваат и Универзитетите во Прага и Гдањск, Универзитетот Св Кирил и Методиј во Скопје и Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта.Во рамките на проектот спроведена е анкета за употребата на енергија во домот меѓу скопските домаќинства, со посебен акцент врз социјалните и еколошките прашања. Анкетата е направена вово март и во април 2015 со помош на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Анкетата претставува прво детално истражување од овој вид во Македонија и Европа, а слични анкети беа истовремено спроведени во неколку европски градови.„Во Скопје, анкетата покажа дека приближно 60 отсто од анкетираните домаќинства во Чаир, Гази Баба, Железара и Скопје Север не можеле финансиски да си дозволат соодветно да го загреат домот. Истата бројка изнесува 30 отсто во Карпош 1, Буњаковец и Дебар Маало“, изјави професорот Бужаровски. „Кај дел од анкетираните домаќинства со примања под 18.000 денари, енергетските трошоци надминуваат половина од домашниот буџет.“Истражувањето покажува дека кај половина од анкетираните домаќинства трошоците за струја, парно, огревно дрво и сл. надминуваат една петина од домашниот буџет. Кај 15 отсто од домаќинствата во Карпош 1, Буњаковец и Дебар Маало, и 18 отсто од домаќинствата во Чаир, Гази Баба, Железара и Скопје Север овие трошоци претставуваат повеќе од 30 отсто од домашниот буџет.„Во Чаир, Гази Баба, Железара и Скопје Север 40 отсто од населението не може навремено да ги плати сметките за струја, вода или парно греење. Само една четвртина од домаќинствата кои живеат во овој дел на Скопје ги загреваат сите простории во домот, за разлика од две третини во Карпош 1, Буњаковец и Дебар Маало“, додава Бужаровски.
Интересно е да се забележи дека приближно 80 отсто од домаќинствата во Чаир, Гази Баба, Железара и Скопје Север конзумираат помалку храна и лекови со намера да заштедат финансиски средства со кои ќе го загреат домот. Оваа бројка надминува 55 отсто во Карпош 1, Буњаковец и Дебар Маало. Кога станува збор за штедењето на ресурсите, над 90 отсто од населението во Чаир, Гази Баба, Железара и Скопје Север ја намалуваат употребата на електрични уреди, бојлери и осветлување за да го загреат домот.Над 80 отсто од анкетираните домаќинства сметаат дека владата треба да им помогне на домаќинствата кои не можат навремено да си ги платат сметките. Исто толкав процент од испитаниците веруваат дека енергетската сиромаштија е проблем во Македонија./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

