Општество
Итни мерки против загадениот воздух, или блокади на градовите
Итни мерки за намалување на загадувањето на воздухот, или во спротивно од 15 јануари блокади на повеќе градови што се загадени, најавија во понеделник учесниците на протестот против загадениот воздух, што се одржа пред Владата.
Според учесниците во протестот, Владата само дава препораки, а не презема никакви мерки да влијае врз намалувањето на загадувањето на воздухот.
На протестот присуствуваа покрај од Скопје, активисти и од Тетово и Битола.
„Следејќи ја статистиката многу лесно може да заклучиме дека неквалитетните и увезени возила и фабриките без соодветни филтри на оџаците, придонесуваат многу за нашето загадување на воздухот. Конкретни итни мерки беа предложени и апелирам веднаш тие да се стават во акција и да се имплементираат. Но, доколку сакаме оваа година да е последна со ваква енормна количина на загадување на воздухот, мора да го искорениме овој проблем“, рече Горјан Јовановски креатор на апликацијата „Мој воздух.“
Според него, загаденоста во Скопје во текот на зимата се покачува во периодот од 15 часот до 03 часот по полноќ, што, како што рече, е показател дека загадувањето се прави од загревањето на домовите, при што се користат различни материјали.
„Апелирам до надлежните да си ги средат приоритетите и на прво место да го постават здравјето на своите граѓани. Бараме барем дел од буџетот којшто е наменет за барокни градби, споменици, бродови и палми, да се пренасочи кон субвенционирање на сметките на економски загрозени семејства за парно греење и кон започнување на гасификација на Македонија“, рече Јовановски.
Протестантите, во барањата наведоа воведување на соодветен режим на сообраќајот, исклучување од сообраќај на возилата со понизок стандард од Еуро 4, како и на дизел возила, центарот на градот да стане место каде што ќе сообраќа само јавниот превоз, како и времена забрана за работа на индустијата со А и Б интегрирани дозволи.
„Оваа година сечеа дрва, уништуваа паркови, го уништија Водно, а за сè ги обвинија оние кои немаат пари да се приклучат на парно или кои возат стари возила. Бараме конкретен и целосен мониторинг да видиме што дишеме, кој нè загадува и зошто не е казнет. Има само една работа која е попрљава и посмрдлива од воздухот во Скопје и во Битола, а тоа е совеста на оние што ништо не преземаат“, рече биологот Кирил Арсовски. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

