Општество
IV конференција на македонскиот модел на ОН: Младински препораки за поубаво утре
Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со волонтерите на Мировниот Корпус во Македонија ја организираа четвртата Годишна Конференција на Моделот на Обединети нации во Македонија 2015.
Конференцијата имаше регионален карактер, и на неа учествуваа повеќе од 140 млади луѓе од Македонија и 16 од Косово. Младите во улога на делегати ги застапуваа ставовите на 17 земји членки на ОН во 8 различни тела на Обединетите Нации и имаа задача да дебатираат на реални светски теми, од намалување на сиромаштијата, деца во вооружени конфликти, економска глобализација, развој на младите до одржување на меѓународниот мир и безбедност, и мерки за борба против тероризмот.
„Основната цел на „Конференцијата на Македонскиот модел на ОН“ е да ги едуцира младите за општествено-тековните настани и дипломатијата во Обединетите Нации. На конференцијата се оценуваше познавањето на темата, земјата која се преставува и организацијата на Обединетите Нации, вештините и способностите за дебата и јавното говорење, но и начинот на облекување и односот спрема другите учесници. Секој делегат имаше можност да дебатира на две теми. Имавме навистина извонредни дебати и откривме многу ангажирани млади луѓе, кои знаат да бидат одлични оратори“, речи Зоран Илиески извршен директор на Коалиција СЕГА:
Кејтлин Кори, директор на Мировниот корпус во Македонија, пак, рече дека Мировниот Корпус и амбасадата на САД „ја ценат соработката со СЕГА во поддршка на Моделот на ОН во Македонија. Конференцијата е од особено значење за младите луѓе да ја разберат комплексноста на дипломатијата, и воедно да учат за меѓународните односи“.
Препораки од младите делегати на Македонскиот Модел на Обединети Нации по однос на глобалните прашања: Да се поттикне високо квалитетно бесплатно образование како и да се даде поголема вредност на неформалното образование; Да се осуди дискриминацијата по однос на возраст и да се даде повеќе можност за практока и волонтерство; Да се промовираат национални кампањи и програми што промовираат полова еднаквост, инклузија, толеранција и прифаќање на маргинализираните групи; Да се обезбедат флексибилни образовни програми за младите кои живеат во кампови за бегалци и земји со екстремно ниво на сиромаштија; Да се поттикне социјален развој на ранливите категории на граѓани преку: а) поддршка на иницијативи за микро финансирање преку бизнис грантови, даночни олеснувања и поедноставување на процедурите; б) воспоставување на национални и меѓународни тренинг програми; в) полугодишни извештаи и јавни средби за мерење на напредокот; Да се подобрат: а) здравствените и образовните инфраструктури; б) комуникациските и транспортните системи; в) инфраструктурите за доставување на електрична енергија и чиста вода за пиење; Да се заложат земјите членки на Обединетите Нации за рационално искористување на природните ресурси и промовирање на зелена економија и заштита на животната средина; Да се создадат услови за рехабилитација на децата кои биле/се дел од вооружени конфликти и да се обезбедат услови за практична примена на детските права; Со посебно внимание да се пристапи кон борбата против тероризам во Африка, и да се обезбеди практична примена на Реформата во Секторот за безбедност. Македонскиот Модел на Обединети Нации преставува академска симулација на работата Обединетите Нации преку своите земји членки, во Генералното собрание на ОН, Советот за безбедност, Економскиот и социјален совет, УНЕСКО, УНИЦЕФ, ФАО, Комитетот за разоружување и Меѓународна безбедност и Секретаријатот на ОН. Вакви Конференции се организираат во најголемиот број на земји членки на ОН, со цел младите луѓе да се запознаат со работата на Обединетите Нации преку практикување на моделот на ОН. Организирањето на Конференцијата македонскиот модел на Обединети нации 2015 се организираше со финансиска поддршка од амбасадата на САД во Македонија./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

