Општество
Иванов го потпиша указот за законите за образование, Студентскиот пленум револтиран
Претседателот Ѓорге Иванов, во среда ги потпиша указите за прогласување на законите од областа на образованието, а од Студентскиот пленум оценија дека тоа не е ниту државнички, ниту професорски потег.
Претседателот Ѓорге Иванов, во среда ги потпиша указите за прогласување на законите од областа на образованието, а од Студентскиот пленум оценија дека тоа не е ниту државнички, ниту професорски потег.
Претседателот, Ѓорге Иванов врз основа на сите извршени анализи и консултации во изминатиот период, како и од констатациите произлезени од бројните средби со најдобрите студенти од сите универзитети што редовно се одржуваа изминатите шест години, ги потпиша указите за прогласување на законите од областа на образованието, што ги донесе Собранието.
„Заедничка констатација од сите овие средби беше дека Република Македонија има неспорна потреба од успешна трансформација на високото образование, дека на нашата земја ѝ се потребни студенти и професори препознатливи и конкурентни на глобалниот пазар на знаење“, се вели во соопштенито од Кабинетот на претседателот.
Се наведува дека Иванов добил цврсто уверување од предлагачот на законите дека во наредниот период ќе биде организирана сеопфатна стручна расправа за најсуштествените прашања од сферата на високото образование со релевантните субјекти од оваа област, претставници на студентите и меѓународни експерти за високо образование. Од сите овие активности и инклузивен дијалог ќе произлезе целосно нов закон за високо образование.
Македонскиот претседател, исто така доби, ветување од предлагачот на законите дека обврските на академската заедница, предвидени со овие законски измени, ќе кореспондираат со зголемено вложување на државата во научно-истражувачката дејност, со што ќе се овозможат неопходните предуслови за исполнување на тие обврски.
Претседателот Иванов смета дека само на овој начин Република Македонија ќе може да се приближи кон современите меѓународни научни достигнувања.
„Ниту државнички, ниту професорски потпис на указите со кои се носат срамните измени во законот за високо образование“, напиша студентскиот пленум на својата Фејсбук страница, откако кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов соопшти дека се потпишани указите на законите од образованието.
„Студенти спремни ли сме да го покажеме револтот повторно, но и поинаку?“, прашаа пленумците.
Професорскиот и Студентскиот пленум по изгласувањето на измените на законот за високо образование најави граѓанска непослушност. Се чекаше одлуката на претседателот Иванов од кого се бараше да не го потпишува законот и да дозволи организиарање јавна расправа и донесување нов закон./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

