Општество
Иванов: Потребни се лидери кои ќе знаат како да се соочат со предизиците на новото време
„Живееме во свет, кој е многу повеќе поврзан и зависен од кога било во историјата на човештвото и чуствува глобални предизвици, а за животот во таков век потребни се и лидери, кои ќе знаат да излезат во пресрет на сите предизвици што ги носи новото време“, порача претседателот Ѓорге Иванов на отворањето на петтата Школа за млади лидери, која од вторник до 28 август се одржува во Охрид.
Според Иванов, целта на оваа школа е да создаде луѓе кои ќе растат во височина, кои ќе достигнуваат највисоки критериуми и ќе бидат најдобри во својата област.
„Не ни требаат само луѓе во политиката, туку ни требаат луѓе кои знаат да водат и во бизнисот, образованието, спортот, културата и во секоја свера од секојдневниот живот. Ни требаат млади луѓе кои ќе имаат самодоверба, ќе знаат да носат одлуки. Да знаат кога, каде и со кој се носат одлуки. Малите земји се ограничени територијално, но не се ограничени да се воздигнуваат“, изјави Иванов.
За македонскиот претседател, главна тема на оваа генерација млади лидери е процесот на носење одлуки, односно како да се донесе вистинска одлука.
Поранешниот српски претседател и предавач на Школата, Борис Тадиќ изјави дека проблемите во земјите од регионот можат да се решат само преку лидерство и посветеност.
„Денес мора да си го поставиме прашањето, како можеме да си ги решиме нашите проблеми. Проблемите во Македонија, Србија, Албанија, односно во земјите кои уште не се членки на Европската унија. Без силно лидерство, посветеност, визија, енергија и без трпение не би можеле да решаваме таков вид проблеми и не би можеле да бидеме успешни во изнаоѓањето на решенијата за предизвиците со кои се соочуваме. Не можеме да го постигнеме тоа самостојно, бидејќи сме меѓуспебно поврзани со други земји и други култури“, изјави Тадиќ.
Сенаторот во Парламентот на Канада, Доналд Дејв Мередит му се заблагодари на претседателот Иванов за организацијата и можноста што им ја дава на младите за подобрување на менаџерските и лидерски компетенции.
„Тие ќе бидат лидерите на иднината. Претседателе би ви се зблагодарил за вашата визија и желба да оставите трајно наследство, да ги одгледувате и градите младите лидери за идните генерации“, порача Мередит.
На годинашната Школа за млади лидери, која веќе петта година по ред се организира на иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов има 40 учесници и 20 предавачи од Македонија, Европа, САД, Канада и Кина, а во изминатите четири години обучени се околу 150 млади луѓе./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

