Општество
Ивановски : Македонија напредува на светската информатичка мапа

Република Македонија оваа година е рангирана на 57 место, што претставува напредок за 10 места од минатата 2013 година, кога беа рангирани само 144 земји. Ова се резултатите објавени во 13-то издание на Глобалниот извештај за информатичка технологија објавено од Светскиот Економски Форум, кои денес ги соопшти министерот Ивановски на конференцијата „Европски ден на претприемачот и СЕЕИТА и МАСИТ Отворени денови“.
„Најдобро рангирани и на прво место сме за вкупни даноци, следува второто место за број на денови да се започне нов бизнис, па трето место за број на процедури да се започне нов бизнис итн. Секако дека има и индикатори каде што е потребно повеќе да се работи за да се подобри позицијата на Република Македонија во наредните извештаи.„- рече во обраќањето Ивановски.
Според бројот на интернет корисници во вкупното население, Македонија е на 43 место, според бројот на мобилни корисници на 82 место, потоа според домаќинствата што имаат интернет сме на 49 место, широкопојасен интернет на 48, домаќинства што имаат компјутер 55 место, широкопојасен интернет преку мобилен на 63 место, интернет пристап во училиштата 40-то, софтвер пиратерство на 62 место, пристап до најновите технологии на 80 место итн.
Ивановски се осврна и на глобалните трендови во ИКТ сферата и темите кои се дискутираат на меѓународно ниво на повеќе меѓународни конференции, а едно од прашањата кои повторно беа покренати на 14-та Пленарна конференција на Меѓународната телекомуникациска унија во Јужна Кореја беше „Кој и како владее со интернетот “.
„Оваа тема повеќе се дискутира години, но во изминативе шест месеци и наредната година се очекува да се донесат историски одлуки околу интернетот, одлуки кои може да ја променат целата слика во владеењето и функционирањето на интернетот што го знаеме. На неодамна одржаната Регионална министерска конференција посветена на темата на интернет владеење, чиј домаќин беше Македонија, произлезе иницијатива за потпишување на Балканска Декларација за владеењето со интернетот. Сите сакаме Интернетот да продолжи да се развива во координација со сите засегнати страни, според т.н мултистејк холдер модел, модел кој што ќе придонесе до побрзо одлучување при локални, регионални, национални или светски проблеми што се присутни или што допрво ќе се појават“, додаде Ивановски.
Инаку, Министерството за информатичко општество и администрација започна со изработка на две ИКТ стратегии – едната која ќе биде на краток рок до 2017 година и втората на подолг рок до 2020 година. Министерството подготвува и стратегија за креирање на Дигитална одржлива економија, која што ќе биде соодветно вклопена во ИТК стратегиите. За таа цел, веќе е поднесена апликација до Европската Унија за привлекување на експерти во оваа област, кои што ќе помогнат при нејзиното креирање.
„Во 2014 година го донесовме и Законот за користење на отворени податоци, а го лансиравме и Проектот за отворени податоци. Вкупно 128 дата сетови се достапни за било кој да креира сервиси за нивни потреби или за потребите на граѓаните. Податоците се 100% поставени на Клауд, со што уште еднаш се потврдува стратегијата на Владата на Република Македонија и Министерството за информатичко општество и администрација за максимално користење на услугите што се нудат во облак“, рече министерот Ивановски.
На денешната конференција на МАСИТ свои обраќања имаа и претседателот на Европската бизнис асоцијација, Глигор Бишев, претседателот на Управниот одбор на МАСИТ, Слаѓан Михалјовски, деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов и др. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во делови од Македонија почувствуван земјотрес со епицентар во Албанија

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,0 степени во соседна Албанија бил почувствуван во делови од државата синоќа околу 3.29 часот по полноќ, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
Од таму посочуваат дека земјотресот, чиј епицентар се наоѓал во соседната земја, 145 километри југозападно од Скопје, бил особено почувствуван во југозападните делови на Македонија со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Бектеши смета дека кафулињата треба да работат до 23 часот

Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот.
„Продолжување на работното време, најверојатно, ќе има од 21 јануари, а до кога ќе биде продолжението, ќе зависи од предлогот што ќе го даде Комисијата за заразни болести. Имајќи ја предвид ситуацијата, јас мислам дека би требало да биде до 23 часот. Тоа е моето видување“, рече Бектеши.
Според неговите сознанија, вели дека не се работи на изготвување нови протоколи за работењето на угостителските објекти.
„Постојните мерки се со важност до 21 овој месец. Во согласност со сите податоци што ги имаме ние како Влада и во склоп на кризниот штаб, се предвидува да се продолжи работното време. Има неколку опции, мислам дека на 21 овој месец, кога ќе имаме и кризен штаб, навремено ќе ги информираме сите угостителски објекти. Но, најверојатно, ќе има продолжување на работното време на угостителските објекти“, повтори Бектеши.
Македонија
Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители.
Премиерот Зоран Заев соопшти дека ја прифатил понудената помош од Србија преку претседателот Александар Вучиќ.
„Како што знаете, во последната недела бараме поддршка и од други земји да ни дадат помош за да можеме што побргу да почнеме додека не стигнат првите 5.850 дози во февруари. Сакам да ја споделам оваа среќна вест со граѓаните, понудената помош од Република Србија преку претседателот Вучиќ ја прифативме. Утрово разговаравме со претседателот Вучиќ и тие прифатија да ни помогнат. Деталите ќе ги утврдиме во текот на денот. Знам дека она што може да го потврдат е 8.000 вакцини од ‘Фајзер’, а другите имаат договори што треба да ги проверат, клаузули дали може тоа да го направат“, изјави Заев пред Граѓанскиот суд.
Српскиот претседател Вучиќ понудил вакцините да се доделат како донација, но Заев инсистирал тие да бидат платени по што се договориле Македонија да ги добие вакцините по нивната набавна цена.
Во минатите недели Бугарија и Грција сами се пријавија да ни отстапат дел од ковид-вакцините со кои тие ќе располагаат, но сè уште нема ни трага ни глас од нивната помош за Македонија.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира