Општество
Јанкуловска присуствуваше на обуката на новите кандидати за полицајци
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во четвртокот во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на спроведувањето на Полициско теренско-тактичка обука (логорување) на новите кандидати за полициски службеници.
Основната обука за кандидат за полициски службеник започна на 15 јануари годинава. Од 440 кандидати кои ја започнаа обуката моментално обуката ја посетуваат 438, еден кандидат на сопствено барање ја прекина обуката, а на еден кандидат му беше прекинат договорот по основ на неисполнети резултати, останатите кандидати успечно го завршија првиот модул „Заштита на јавен ред и мир”.
Моментално во фаза на спроведување е и Вториот модул од основната обука “Заштита на животот и имотот” во чии рамки се одржа и денешната полициско теренско- тактичка обука која се состои од користење на техничка опрема за надзор на државната граница и движење по GPS, укажување на Прва помош при задес и незгода, картографија со топографија, воспоставување на логорски камп, строева обука со формациско вооружување, начини на движење и совладување на отворен простор, блокада, рација, преглед и претрес на лице, воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, заседа, преглед и претрес на терен, справување со недозволено преминување на државната граница и кондиционен марш.
Во овој модул се веќе завршени тестирањата по Одбрамбени техники и Ракување со оружје и гаѓање, а на почетокот од месец септември треба да се спроведат Тестот на знаење и Тестот по англиски јазик.
По завршување на вториот модул предвидено е кандидатите за полициски службеници да го започнат и третиот, последен модул во кој се предвидени активности од областа на сообраќајот и гранично полициско работење ( Граничен надзор и Гранична контрола).
Како што нагласи министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во првото полугодие на 2014 година, регистрирани се 30 кривични дела „криумчарење мигранти“, за што пријавени се 46 сторители. Прокриумчарени се вкупно 203 мигранти (по потекло од Сирија-80, Авганистан-63, Сомалија-25, Еритреја-19, Коморе-4, Бангладеш-3, Палестина и Брегот на Слонова коска – 2, и по 1 од Конго, Албанија, Пакистан, Гамбија)./крај/мф/бс
Извор: Фото/МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

