Контакт

Општество

Јолевски: Илинден е симболот на македонската решителност да се живее во слобода и мир

Објавено пред

Илинден претставува симбол на нашиот непокор, нашата желба и одлучност да живееме слободно и во мир, се истакнува во честитката што по повод националниот празник 2-ри Август ја упати министерот за обрана Зоран Јолевски до сите припадници на Армијата, вработените во Министерството за одбрана и граѓаните на Република Македонија. 

dobivaj vesti na viber

„Илинден претставува симбол на нашиот непокор, нашата желба и одлучност да живееме слободно, независно и во мир, со себе и со нашите соседи. На овој ден ние ги славиме храбрите Илинденци и сето она што тие го жртвувале за нашата татковина. Ги славиме и мудрите и пожртвувани припадници на Народноослободителната војска кои ги удрија темелите на модерна Македонија“, истакнува министерот во честитката.

„Припадниците на Армијата на Република Македонија, водени и мотивирани од идеалите на нивните предци, секојдневно даваат придонес кон независноста и сувереноста на Република Македонија и тоа нашите граѓани го ценат неизмерно“, додава министерот Јолевски./крај/мф/бс

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Спасовски: МВР е целосно отворено за соработка со Црвениот крст во справувањето со хуманитарните последици на миграциите

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во Струга присуствуваше на настан посветен на почнувањето со реализација на регионалната програма за миграции – хуманитарен аспект на мешани миграциски текови, во организација на Црвениот крст на Македонија, поддржана и финансирана од страна на швајцарскиот Црвен крст, Швајцарската агенција за развој и Меѓународната федерација на Црвниот крст и Црвена полумесечина.

dobivaj vesti na viber

На настанот присуствуваа и претставници од Македонско здружение на млади правници, Министерството за труд и социјална политика, Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, Меѓународната организација за миграции, Центарот за управување со кризи, како и универзитетски професори. Министерот Спасовски му се заблагодари на Црвениот крст на Република Северна Македонија за поканата да биде говорник на денешниов настан на тема која, како што рече тој, по својата специфичност, по сложеноста, но и според потребата за еден мултиинституционален и не само државен туку и меѓународен пристап, објективно заслужува да биде предмет на постојан заеднички ангажман.

„Како што, впрочем, беше миграциската криза од 2015/2016 година кога низ територијата само на нашата држава како дел од т.н. балканска миграциска рута кон крајната цел – западноевропските земји – минаа помеѓу 800.000 до 1 милион мигранти од Блискиот и Средниот Исток и од Северна Африка“, истакна министерот Спасовски потенцирајќи дека поради првичната глобална неподготвеност да се проценат реалните димензии на кризата, во прв план беа ставени хуманитарните прашања.

„Она што многу бргу се сфати е дека е потребен систем, мултилатерален, и по содржина и по функција, кој може да превенира, администрира, документира и, секако, – да згрижи“, заклучи министерот Спасовски, при што рече дека Македонија во изминатите неколку години, во соработка со земјите од регионот, со Европската Унија, со низа релевантни меѓународни асоцијации и организации специјализирани за проблематиката со миграциите, активно учествуваше и се етаблира како важна алка во креирањето и градењето нови нормативни, системски и други мултилатерални решенија во насока на подготвеност при евентуални слични мигрантски кризи.

„И во сите тие идеи и концепти важно место имаат институциите со веќе етаблиран кредибилитет во кризно-хуманитарната сфера, како што е впрочем и Црвениот крст, кој по природата на своето постоење и ангажман секогаш е на самиот врв на кризното менаџирање. Оттаму, дозволете ми да ја изнесам својата лична констатација – дека натамошната активност на Црвениот крст и во делот на миграциите, во конкретниот случај реализацијата на програмата за миграции, „Хуманитарен аспект на мешани миграциски токови“, не само што е потребен туку и неопходен“, рече Спасовски.

Истакна дека Министерството за внатрешни работи е целосно отворено за соработка во натамошното развивање на капацитетите на Црвениот крст, да помогне со практични искуства и стручни согледување, а во интерес на остварување на благородните мисии на Црвениот крст. „Во конкретниот случај тоа е справувањето со хуманитарните последици на миграциите за зачувување на човечкото достоинство и човечкиот живот, како што тоа го налага меѓународното право, односно Женевските конвенции“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачевски со раководството на Синдикатот на УКИМ – во фокусот зголемувањето на платите

Објавено пред

Премиерот Димитар Ковачевски и министрите за финансии и за образование и наука, Фатмир Бесими и Јетон Шаќири, денеска се сретнаа со раководството на Синдикатот на УКИМ.

dobivaj vesti na viber

Тема на состанокот беше барањето на Синдикатот на УКИМ за зголемување на платите на професорите и потпишување посебен колективен договор за УКИМ независно од веќе постојниот колективен договор со СОНК потпишан минатата година.

На состанокот од страна на премиерот и на министрите беше истакнато дека навистина треба да се цени и вреднува работата на професорите, но и дека мора да ги имаме и предвид состојбите во државата во услови на економска криза.

Исто така, беше посочено дека во изминатите четири години платите на вработените на универзитетите се зголемени вкупно 20 %, односно 5 % од септември 2019 година, 8 % од септември 2021 година и 7 % од септември годинава. Исто така, од страна на премиерот и министрите беше посочено дека ќе се направат детаљни анализи и пресметки за да продолжи зголемувањето на платите во високото образование и наука и в година, но и беше побарано од Синдикатот да се направи реорганизација на факултетите и воведување нови атрактивни студиски програми, кои ќе ги зголемат сопствените приходи на високообразовните установи.

Владата, освен што работи на зголемување на платите во образованието, работи и на унапредување на научноистражувачките проекти за јавните научни установи, но и за набавка на опрема за лаборатории, акредитација на лаборатории за научноистражувачка дејност, информираат од владиниот кабинет.

Дополнително, ги вративме и воведовме нови стипендии за постдипломски и докторантски студии во државата. Со оваа политика на стипендирање ги поттикнуваме успешните студенти да се надградуваат и да се занимаваат со научноистражувачка работа, но и да останат во државата како кадар на универзитетите и институтите.

Прикажи повеќе...

Македонија

За три дена, пријавени тројца починати, регистрирани 108 новозаразени од коронавирус

Објавено пред

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 30.9 до 2.10.2022):

dobivaj vesti na viber

Направени се 976 теста, а регистрирани се 108 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 83, Прилеп – 5, Штип – 4, Битола, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Куманово, Охрид, Струмица, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број позитивни (108), регистрирани се 30 реинфекции.

Регистрирани сe 135 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 90, Прилеп – 7, Охрид – 6, Битола – 5, Тетово – 4, Штип, Кавадарци, Кратово и Куманово – по 3, Кичево, Гевгелија, Неготино и Велес – по 2, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (30.9 – 2.10.2022) пријавени се 3 починати лица. Две од Охрид (81 и 89) и едно починато од Кратово (72), сите се починати во болнички услови. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ не се пријавени починати лица.

Направени се 976 теста преку: ИЈЗ-135, ЦЈЗ Скопје-86, ЦЈЗ Битола-18, ЦЈЗ Прилеп-10, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–48, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-21, Биотек-48, Систина-5, лабораторија Лаор-15, Синлаб-1, Ремедика-12, Плодност-10, Генеа-10, Никоб лаб-41, ВФВ медикал-3, Ели медика плус-2, Ројал медика–1, Спектра-ММ-1, Рапид лаб–2, Жан Митрев Струмица–1, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 466.

Досега во земјата се направени вкупно 2.170.602 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.069, бројот на оздравени пациенти е 333.067, на починати е 9.537, а бројот на активни случаи изнесува 465.

Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје      161.537, Активни   307
Куманово    18.216, Активни    16
Битола      17.940, Активни    33
Прилеп      15.495, Активни    20
Тетово      14.466, Активни    13
Кавадарци   12.082, Активни    12
Велес 10.796, Активни    4
Охрид 10.308, Активни    8
Гостивар    10.274, Активни    1
Струмица    8.778, Активни     4
Штип  8.758, Активни     14
Кичево      6.073, Активни     7
Кочани      5.544, Активни     0
Струга      5.171, Активни     0
Гевгелија   4.878, Активни     2
Неготино    4.142, Активни     3
Ресен 3.029, Активни     6
Радовиш     2.836, Активни     4
Свети Николе      2.794, Активни     1
Крива Паланка     2.662, Активни     2
Делчево     2.183, Активни     0
Берово      1.874, Активни     1
Дебар 1.812, Активни     0
Валандово   1.600, Активни     0
Виница      1.478, Активни     1
Пробиштип   1.299, Активни     0
Кратово     1.128, Активни     4
Богданци    1.101, Активни     1
Крушево     1.037, Активни     0
Демир Хисар 929, Активни      0
Македонски Брод   799, Активни      1
Демир Капија      628, Активни      0
Македонска Каменица     534, Активни      0
Пехчево     518, Активни      0
Дојран      370, Активни      0

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави контактите за набавка на поевтини енергенси и ќе се разгледаат предлозите

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до Владата своите контакти за набавка на поевтини енергенси, за што конкретно е задолжен министерот за...

Македонија9 часа

Ахмети: Во ДУИ немало оган, ниту ќе има

Заврши средбата во седиштето на ДУИ во Мала Речица. По речиси шест часа, лидерот на партијата Али Ахмети рече дека...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски: Пред состанокот бев загрижен, истата загриженост ја споделувам и сега

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека ја има истата загриженост како и пред...

Свет10 часа

(Видео) Бајден повторно се изгуби, предизвика загриженост за неговото здравје

Здравствената состојба на шефот на Белата куќа Џо Бајден за време на неговото официјално патување во Порторико уште еднаш го...

Свет12 часа

Путин заминал во бункер од каде ги носи клучните одлуки, го предупредил и семејството

Рускиот претседател Владимир Путин наводно подготвува клучни одлуки за можен нуклеарен напад во бункер далеку од Москва, јавуваат западните медиуми....

Економија13 часа

Од 15октомври скопјани ќе имаат парно – АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор

АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна...

Европа13 часа

Лукашенко: Украинците постојано провоцираат на границата

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја обвини соседна Украина дека испратила 15.000 војници во граничната област за да изгради одбрана...

Регион14 часа

Експлозии во фабрика за оружје во Бугарија, тројца загинати

Две силни експлозии ја потресоа фабриката за оружје „Арсенал“ во Казанлак, јавија бугарските медиуми наведувајќи дека сè уште не е...

Европа15 часа

Вучиќ: Ни претстои најтешкиот период, можеби дури и потежок од деведесеттите години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствувајќи на презентацијата на комплетот книги „Собраните дела на Милорад Екмечиќ“ во Домот на вооружените...

Македонија16 часа

Обвинителството: Зеќири го оштетил буџетот за речиси 1,5 милион евра, парите завршиле во приватни фирми

Обвинителката Катерина Коларевиќ поднесе обвинение против ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Тој се гони за злоупотреба на службената положба...

Економија18 часа

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, ја смета за реална заканата од прекин на струја...

Свет18 часа

Бербок го обвини Путин за терор

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не е подготвен за мировни...

Свет18 часа

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

Кина предупреди дека САД би можеле да се соочат со тешки последици, вклучително и нуклеарна војна, доколку на Украина ѝ...

Свет20 часа

Азербејџан ја гранатира Ерменија, нови судири на граничниот премин меѓу двете земји

Азербејџанските војници синоќа со минофрлачи и мало оружје ги гранатираа граничните позиции на Ерменија, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија....

Свет20 часа

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските територии

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на четири украински региони, изјави денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи Ко Сон Хуи...

Свет20 часа

(Видео) Повеќе од 100 луѓе загинаа од ураганот Јан, кој ги погоди Флорида и Северна Каролина

Бројот на загинати од ураганот Јан на Флорида и во Северна Каролина се искачи на 103, а спасувачките тимови вторпат...

Свет21 час

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета, бара отштета од 475 милиони долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот го тужеше Си-Ен-Ен за клевета, барајќи отштета од 475 милиони долари. Во својата...

Свет21 час

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансира проектил

Откако Северна Кореја лансира ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација...

Свет21 час

(Видео) Северна Кореја лансира проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

Северна Кореја лансира балистичка ракета, која утринава прелета над Јапонија првпат по пет години, што предизвика предупредување до населението на...

Регион1 ден

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...