Општество
Каракамишева: Организираната хајка против мене нема да ме замолчи
Универзитетската професорка, Тања Каракамишева-Јовановска не смета дека погрешила што ја напишала колумната за иселувањето ан младите, која предизвика лавина реакции во јавноста. Напротив, оценува дека обидот да испровоцира дебата за оваа тема бил успешен.
„Не ни очекував, ниту пак искрено сакав да биде поинаку. Знаете и самите под каква лупа со години наназад сум ставена поради моите ставови кои очигледно им сметаат на одредени политичко-платенички кругови. Па што ако им сметаат? Нека им сметаат и понатаму. Потребата да ме замолчат преку уцени, директни закани и лични дискредитации не е нова. Таа трае подолго време, и не очекувам дека ќе престане. Но, моите ставови се уште ги има, и уште посилно ќе ги има. Притисоците и заканите што ми ги испраќаат да замолчам се упатени на погрешна адреса, вели Каракамишева-Јовановска во интервју за Прес24.
Таа смета дека работа на еден универзитетски професор е да ги кажува состојбите како што се, а не да калкулира со своите ставови дали неколку ќе му се допаднат или не.
„Вистинскиот професор не калкулира, не прави пресметка дали авторитетот ќе му се загрози од центри кои се платени за таа работа, а уште помалку прави финансиска пресметка колку ќе му се зголеми салдото на трансакциската сметка после напишаната колумна. Но, малкумина тргнуваат од оваа позиција. Веројатно и затоа е чудно кога некој професор ќе почне тема што не му е нарачана од партиски центар. Оваа стара и веќе позната матрица ќе мора да се менува. И од негде мора да почне оваа промена“, вели професорката во интервјуто за Прес24.
Според, Каракамишева- Јовановска трендот со иселување на младите не е карактеристика само на Македонија и дека за овој проблем е потребно барање решение, а не ситно политичко профитерство од страна на опозицијата
„Соочувањето со овој проблем веројатно кулминираше во деведесеттите години, кога без работа останаа над 200.000 граѓани заради криминалниот процес на приватизација направен во државата, што како последица затвори над 600 претпријатија, секако со амин од тогашната власт, но и со поддршка на професорите и интелектуалците кои сега се најгласни “бранители на слободата и на демократијата”, вели Каракамишева- Јовановска.
Таа смета дека проблемот со иселувањето е реална закана да го разјаде македонското ткиво, да ја испразни земјата, поради што бара простор за негово итно актуелизирање, а не ставање под тепих.
„Темата не смее да се третира како табу. Уште помалку за неа смееме да зборуваме во ракавици и со однапред пресметан интерес дали и колку ќе се ќари од неа. Темата не смее да ја оставиме да биде навигирана единствено и само кога политичката и партиската каса ќе го наложи тоа, вели универзитетската професорка, Тања Каракамишева- Јовановска во интервју за Прес24. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

