Општество
Кембриџ програмата и за седмо, осмо и деветто одделение
Од следната учебна година, учениците во седмо, осмо и деветто одделение, ќе учат по Кембриџ програмата. Што е овозможено со денешното потпишување договор за соработка во областа на адаптацијата на наставните програми по математика и предмети од природните науки.
Од следната учебна година, учениците во седмо, осмо и деветто одделение, ќе учат по Кембриџ програмата. Што е овозможено со денешното потпишување договор за соработка во областа на адаптацијата на наставните програми по математика и предмети од природните науки.
Договорот го потпишаа директорот на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, Мајкл О’Саливан и директорот на Бирото за развој на образованието, Весна Хорватовиќ, во присуство на министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.Адеми рече дека една од најголемите реформи во образованиот систем во Република Македонија, е имплементација на наставните програми подготвени од Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ. Наставата по математика и природни науки, која започна во 2013 година, успешно се реализира од прво до шесто одделение, и дава исклучително позитивни резултати. „Денеска таа соработка овозможува во целост да го заокружиме процесот во основното образование, преку потпишување на нов договор, кој предвидува преминување на следното имплементациско ниво на реформата, односно воведување на наставни програми по математика и природни науки за учениците од седмо до деветто одделение, кое ќе започне во учебната 2016/2017 година“, рече Адеми.Владата и Министерството за образование и наука, во 2013 година го потпишаа првиот договор за соработка со Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ, по што оваа крупна реформа прифатена од 160 земји и повеќе од 9.000 училишта, се имплементираше и во Македонија со воведување на новите наставните програми по математика и природни науки на национално ниво, првично за учениците од прво до трето одделение, а во следната фаза и за учениците од четврто до шесто одделение. „Значењето на оваа реформа, е што со нејзиното имплементирање се воведува поголема интеракција во наставата, се развива самодовербата и критичкото мислење кај учениците, со што тие сами успеваат да дојдат до заклучоци и решенија на поставените задачи. Наставните програми и учебниците адаптирани на нашите национални особености и публикувани на македонски, албански, турски и српски јазик, се алатка која им помага на наставниците да ги насочуваат децата на логичко размислување. Како и наставниците кои предаваат од прво до шесто одделение, обука за успешна реализација на програмите по математика и природни науки, ќе поминат и нивните колеги кои по Кембриџ програмата од наредната учебна година ќе им предаваат на учениците во седмо, осмо и деветто одделение“, рече Адеми./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

