Општество
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи со честитка по повод Велигден
Дозволете ми во овие прекрасни мигови на велигденска радост и вистинска љубов, да Ви упатам Вам, како и на членовите на Светиот Синод, и на сите православни верници на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија во земјава и во странство, срдечни честитки по повод празникот над сите празници – ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО-ВЕЛИГДЕН, порачува претседателката на Комисијата за односи верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска.
„Во духот на вековното македонско празнување, и годинава камбаните гордо бијат во македонските цркви одбележувајќи го празникот над сите празници – Воскресение Христовото-Велигден. Спасителот Господ Исус Христос вели: „Во светот ќе имате многу неволји, но не бојте се зошто Јас го победив светот!“ Тој воскресна и ги поведе луѓето кон победа, сигурна и конечна. Ниту смртта, таа непријателка на сè што е живо, нема целосна власт во нашиот живот. Тоа искуство на верата и денес останува цврста потпора за секој христијанин со радост да воскликне и да го воспева овој голем настан“, стои во честитката на оваа Комисија.
„Како народ на верата, отсекогаш сме го љубеле Бога кој е нашата сила, нашиот крст со кој сме ги победувале сите неправди и зла. Богољубивиот наш македонски народ во својата историја безброј пати се искачувал на Голготата на прогонствата и страдањата, но секогаш силите на мракот биле победувани со сјајот на нашето народно и црковно воскресение. За жал, и на овој Велигден ќе кажеме дека сè уште постојат такви сили, кои не го прифаќаат нашето постоење, а со тоа ја отфрлуваат нашата вера и нашите православни христијански вредности“, додава Божиновска.
„Но, како доследни наследници на нашите свети апостоли на мирот, ние, овде во Македонија, и насекаде каде што нè има, чувствуваме света должност да ја чуваме нивната спасителна мисија, да ја браниме нашата татковина која е лулка на писменоста, духовноста и културата на многу народи. И токму во силната вера и приврзаност кон ваквото свето предание да бидеме светлина која постојано ќе воскреснува во европските и светските културни, научни и духовни придобивки. Нека е честит Големиот ден-Воскресение Христово и нека Господ нè обдари со сила, верба и благослов, за да го сочуваме и негуваме она што Тој ни го даде како завештание, чекорејќи гордо и македонски по патот на праведноста, одговорноста и чесноста“, стои во честитката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

