Општество
Конференција „Младите создаваат подобра Европа“: Нови работни места ќе ги задржат младите во Македонија
Преку создавање нови работни места, Македонија ќе се справи со проблемот на заминување на младите, е една од пораките кои ги упати Франц Фишлер, претседател на Европскиот клуб „Алпбах“ во рамки на конференцијата на тема „Младите создаваат подобра Европа“ во петокот при одбележување на „Австриско-македонските денови“.
„Нашиот клуб овозможува младите од Македонија да учествуваат во Форум, кој се организира секоја година и на тој начин, да се надградат самите себеси и да помогнат во создавањето подобри услови, подобро општество и европска интеграција на државата. Доколку инвестираме во знаењето на младите, тоа ќе обезбеди многу подобра иднина. Главна причина зошто младите заминуваат е недостастигот од работни места, односно недоволно надворешни инвестиции кои ќе ги задржат во Македонија “, рече Фишлер, кој повеќе од десет години беше европски комесар за земјоделство и рурален развој.
Според Пиштар Љутвиу, претседател на Клубот „Алпбах“ која се јавува како организаторот на конференцијата во Македонија, ова е еден од начините за продлабочување на пријателството и соработката со Австрија.
На втората конференција насловена како „Од образование до кариера: трансфер на добри практики од Австрија во Македонија“, се обрати и министерот за образование, Абдулаќим Адеми. Аделина Марку од Министерството за надворешни работи, пак, во своето обраќање на конференцијата, говореше за дипломатсаката академија во рамки на оваа институција и за можностите младите кандидати да се обучуваат надвор и во самото министерство.
Претходно во четвртокот Клубот го организираше и „Австрискиот ден на кариера“ (Austrian Career Day), на кој австриските компании во Македонија се промовираа пред младите и студентите, ги презентираа своите активности и видот на работна сила што ја регрутираат.
Според Герхард Шлатл, трговско аташе на Австрија во Македонија, австриските компании кои се присутни во Македонија сакаат да останат во земјата, но има и други заинтерсирани кои сакаат да дојдат.
„Постои интерес кај австриските компании за Македонија, иако земјата е мал пазар. Сите што размислуваат да инвестираат, претходно, детално ги истражуваат условите“, рече Шлатл на отворањето на „Австриско-македонските денови“./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

