Контакт

Општество

Конкурс: Пријавување за наградување на еко-училишта и еко-градинки

Објавено пред

Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ (во понатамошниот текст Програматa)се имплементира преку канцеларијата во Министерството за образование и наука на Република Македонија, согласно потпишаниот Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка.
 

dobivaj vesti na viber

Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ (во понатамошниот текст Програматa)се имплементира преку канцеларијата во Министерството за образование и наука на Република Македонија, согласно потпишаниот Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка.

 

 

Главна придобивка од Програмата е можноста за создавање мрежа на еко-училишта и еко-градинки кои ја усвоиле заштитата на животната средина како една од основните вредности во својот развој и управување. Со членство во мрежата, еко-училиштата и еко-градинките добиваат можност за учество во национални и интернационални натпревари, можност за аплицирање со проекти, можност за добивање финансиска поддршка од ОХО, поврзување со училишта и градинки од регионот и пошироко и многу други поволности.

За таа цел, Здружението на граѓани ОХО како имплементатор на Програмата, распишува конкурс за наградување на училишта и градинки за бронзено ниво, сребрено ниво и ниво на зелено знаме.

Услови за пријавување на конкурсот за наградување:- Училиштето/градинката се вклучени во една од трите учебни години од имплементацијата на Програмата (учебна 2010/2011, 2011/2012 или 2012/2013).- Училиштето/градинката имаат учествувано на сите обуки организирани од Програмата (обука за директори, обука за претставници од педагошко-психолошката служба на училиштата/градинките, обука за наставник/воспитувач координатор).- Училиштето/градинката целосно ги реализирале 7-те чекори еко-менаџмент со активно вклучување на децата/учениците, вработените и родителите.- Училиштето/градинката има потпишано Меморандум за соработка со општината.- Училиштето/градинката ја има вклучено Програмата во Годишната програма за работа преку интегрираното планирање на точките на акција од еко-стандардите.

 

Пријавување:Училиштата/градинките можат да се пријават исклучиво по електронски пат на следниов линк:http://nrp.org.mk/ekouciliste.aspx?cid=950&;l=5&scID=950(електронското пријавување се врши преку веб порталот www.nrp.org.mk во левата колона под табот „Конкурси“ одбирате „Еко-училиште/ Еко-градинка“).Училиштата/градинките можат да аплицираат за едно од нивоата на наградување исклучиво електронски на горенаведениот линк најдоцна до 15.10.2014, до 24:00 часот. По 24:00 часот електронското пријавување ќе биде затворено и нема да можете ниту да се пријавувате, ниту да додавате прилози.Забелешка: Училиштето/градинката може да аплицира само за едно ниво на наградување од Програмата. Доколку согласно условите не ги исполни критериумите за нивото за кое аплицира, ќе има можност повторно да аплицира следната година. Училиштата/градинките кои беа наградени со сребрено ниво и бронзено ниво на конкурсот во учебната 2013/2014 година имаат право оваа година да се пријават за ниво на зелено знаме доколку ги исполнуваат соодветните услови и критаериуми. Истовремено, се поттикнуваат училиштата и градинките кои се стекнале со статус на зелено знаме од Програмата во учебната 2012/2013повторно да аплицираат за да го задржат статусот. Доколку не ги исполнуваат условите и критериумите за зелено знаме, истото ќе им биде одземено!

Важно: За училиштата/градинките кои ќе се пријават за зелено знаме, ќе бидат извршени мониторинг и евалуација од страна на комисијата за наградување.Училиштата и градинките кои ќе бидат наградени за нивото за кое аплицирале ќе бидат известени преку официјалната е-пошта на Програмата: [email protected] најдоцна до 15.11.2014 година. Училиштата/градинките кои ќе добијат зелено знаме ќе имаат можност да аплицираат за финансиска поддршка за реализација на еколошки проекти.

За дополнителни прашања, користете ја исклучиво електронската комуникација (е-пошта:[email protected]).

Програмата ја спроведува Здружението на граѓани ОХО како организација со долгогодишно искуство во областа на заштитата на животната средина и еколошката едукација./

 

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа18 минути

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија41 минута

Поради одрон на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива...

Македонија48 минути

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија51 минута

„Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби“, велат од СДСМ

„Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилог ВМРО-ДУИ. Правната држава е погребана. Сè...

Македонија1 час

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија1 час

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет2 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет2 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа3 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа3 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа3 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија13 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија19 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија21 час

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија22 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија22 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија22 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија23 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион1 ден

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет1 ден

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...