Општество
КЗЗ: Од 900 мостри во 40 е докажана листерија
Досега е извршена анализа на околу 900 мостри, од кои во 40 случаи е докажана listeria monocytogenes, кај производи кои се предмет на натамошна термичка обработка, соопшти во средата Комисијата за заразни заболувања при министерството за здравство по одржаната работна средба на која беше разгледана фактичката состојба и досега преземените активности поврзани со случаите на лица заболени од листерија.
Досега е извршена анализа на околу 900 мостри, од кои во 40 случаи е докажана listeria monocytogenes, кај производи кои се предмет на натамошна термичка обработка, соопшти во средата Комисијата за заразни заболувања при министерството за здравство по одржаната работна средба на која беше разгледана фактичката состојба и досега преземените активности поврзани со случаите на лица заболени од листерија.
На најголем дел од мострите и производите е извршена генотипизација, при што докажани се генотипови кои не се исти со оние кои беа причинители на листериоза кај луѓето, освен во една мостра од вакумиран сечкан свински врат, произведен од „Екстра-меин“ од Куманово, каде е докажана listeria monocytogenes и каде извршената генотипизација покажува 98 отсто идентичност со генотипот на листеријата која предизвика заболување кај луѓето
Комисијата за заразни болести денеска одржа работна средба на која беше разгледана фактичката состојба и досега преземените активности поврзани со случаите на лица заболени од листерија, и беше констатирано следното:
„Од Агенцијата за храна и ветеринарство и од Факултетот за ветеринарна медицина, Комисијата за заразни болести беше информирана дека листерија е утврдена кај уште еден примерок од вакумиран свински врат произведен од Екстра-меин Куманово (лот 071760028, пакуван на 10.07.2014 година). Примерокот од свински врат е донесен на испитување за присуство на listeria monocytogenes од инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, а земен од приватно лице кое претходно го отворило производот и конзумирало од истиот. Од тие причини, од лицето е побарана своерачно потпишана изјава со која лицето бара да се испита примерокот од свински врат поради извршеното конзумирање, и истата, заедно со лабораторискиот наод е доставена до Основното јавно обвинителство – Скопје, во прилог на претходно доставената документација за поведената кривична пријава против непознат сторител“, се наведува во соопштението на Комисијата за заразни заболување.
Од Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицински факултет – Скопје, посочија дека станува збор за исклучително вирулентен сој на бактеријата listeria monocytogenes, што значи дека има потенцијал лесно да предизвика болест, е еден од заклучоците на Комисијата
Агенцијата за храна и ветеринарство, исто така, информираше дека почнувајќи од 29-ти јули воведено е задолжително испитување на секој лот од месни и млечни производи, произведени од овој датум. Притоа беше посочено дека за сите позитивни мостри се води соодветната постапка и сите се доставуваат на типизација во Институтот за ветеринарна медицина.
Комисијата за заразни болести донесе заклучок дека во интерес на постапката, до Основното јавно обвинителство ќе бидат доставени и изјави од Институтот за јавно здравје – Скопје, Центарот за јавно здравје – Велес, Институтот по микробиологија и паразитологија – Скопје, како и изјавата на Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, во врска со која ќе биде побарано да се испитаат наведените искази од Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина.
Констатирано е дека континуирано се вршат увиди од страна на инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, Државен санитарен и здравствен инспекторат, како и претставници од Центрите за јавно здравје, во производствени погони од месни индустрии, млечни индустрии, се земаат мостри за лабораториска анализа од производство и промет, со цел утврдување на безбедноста на прехранбените производи. Сите потребни документи и резултати од извршени анализи редовно се доставуваат до Основното јавно обвинителство – Скопје./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

