Општество
Лекарска комора: Да не се ставаат сите лекари во ист кош поради трагедијата во Гевгелија
Лекарската комора на Македонија ќе ги преземе сите потребни мерки за да се утврди што се случувало во Одделението за гинекологија на Општата болница во Гевгелија каде трагично почина родилка и нејзиното неродено дете.
Во рамките на своите надлежности, Комората како професионална асоцијација ќе настојува да утврди и дали има лична одговорност за целата трагедија, а врз основа на тоа ќе реагира и ќе преземе соодветни мерки.
Лекарската комора истовремено најостро ги осудува обидите на некои политички партии оваа трагедија да ја искористат за меѓупартиски пресметки и за политичко поентирање. За Комората е неприфатливо одговорноста да се генерализира и сите медицински институции и здравствени работници, да се обвинат за неодговорност и непрофесионалност.
Како професионална асоцијација цениме дека е целосно неодговорно и крајно ниско ваква трагедија да се стави во функција на оцрнување на една професија и целокупниот здравствен систем, се вели во соопштението.
Лекарската комора го почитува правото на секој да изнесува свој став или мислење, меѓутоа цени дека работите не смеат да се генерализираат. Комората не бара амнестирање од вината за евентуалното непрофесионално однесување на докторите, меѓутоа цени дека треба да се бара одговорност од оние кои неодговорно се однесувале, кои го прекршиле кодексот на медицинската етика и деонтологија, кои загрозиле и го загрозуваат здравјето и животот на пациентите. Не е оправдано со ваквите исклучоци во ист кош да се ставаат илјадници доктори и здравствени работници кои крајно професионално, совесно и со несебично залагање им се посветени на професијата, на хипократовата заклетва, на пациентите и на решавањето на нивните здравствени проблеми. А такви се најголем дел од доктори во Македонија кои како мрежа ја покриваат целокупната територија на државата од главниот град, па се до руралните места со по неколку жители, стои во соопштението.
Комората изразува длабоко жалење и сочувствува со болката на семејството и блиските на починатата родилка и нејзиното неродено дете, а во согласност со своите ингеренции ќе ги преземе сите потребни активности и механизми за да се утврди одговорноста за оваа трагедијата со ненадоместливи последици.
За Комората е неприфатливо некој да етикетира и да бара колективна вина и за случаи во кои има индиции за поединечна неодговорност и непрофесионалност, а како професионална асоцијација, во рамките на нашите законски овластувањa, ќе се заложиме причините за оваа трагедија да се утврдат а виновниците да бидат санкционирани согласно законите, се вели во соопштението. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

