Контакт

Општество

Лица со интелектуална попреченост живеат како семејства

Објавено пред

Во мали стамбени единици, 76 лица со умерена и тешка интелектурална попреченост живеат како семејства, а во четврток, една таква куќа посетија министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов.

dobivaj vesti na viber

„Организираното живеење во вакви заедници во каква што присуствуваме денеска влијае во голема мера за подигнување на степенот на самостојност, на развој на лицата кои што се згрижени во ваквите станбени единици, на лицата со умерена и со тешка интелектуална попреченост. Влијае за подобрување на нивната социјализација и интеграција, за нивното учество во општествениот живот, нивниот личен развој. Токму заради тоа, процесот на деинституционализација, односно згрижување на лицата со умерена и со тешка интелектуална попреченост во мали станбени единици мора да продолжи. Наместо нивното згрижување во институции од затворен систем Министерството за труд и социјална политика во соработка со граѓанскиот сектор со невладините организации изминатиот период се труди што е можно поголем број на лица со попреченост да бидат згрижени во мали станбени единици каде што за нив се грижи високо обучен кадар, квалитетен кадар, социјални работници, дефектолози, негуватели итн, кои што им пружаат навистина одлични услови за живот и влијаат за подобрување на нивниот живот“, рече Спасов.Во малата станбена единица, што ја посетија Спасов и Апостолов се згрижени пет лица со интелектуална попреченост.  Вкупно на територијата на Македонија 76 лица се згрижени во 16 вакви единици, сместени во Неготино и во село Волково.„Тие самите се задоволни од организацијата на нивниот живот и токму тоа не мотивира да продолжиме и понатаму со овој процес на деинституционализација. Досега, финансиски поддржуваме вкупно 76 лица да бидат згрижени во ваква форма на организирано живеење со 24 часовна поддршка во вакви заедници кои што се и најблиски со семејните. За овие намени Министерството за труд и социјална политика на годишно ниво издвојува вкупно 16 милиони и 500 илјади денари со кои што го финансираме процесот на деинституционализација“, рече Спасов.Најви дека наскоро, ќе биде објавен јавен повик за отворање на уште една станбена единица, а во следните четири години во план е да се дуплира бројот на корисници во мали станбени единица. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов нагласи дека Општината има контиуирана соработка со Министерството за труд и социјална политика.„Тековно низ целата година организираме разни манифестации. Се подготвуваме, во текот на летниот период тие треба да заминат на летување во Љубаништа и ние како општина чувствуваме потреба да им обезбедиме барем превоз на двете групи што ќе патуваат и сметам дека и во идниот период ќе им обезбедуваме во рамки на нашите можности, во зависност од потребите на корисниците на Дневниот центар „Порака“, секакви материјали што им се потребни за нивниот секојдневен живот“, вели Апостолов.Претседателката и координаторката на Центарот за ментална помош на лица со ментален хендикеп „Порака – Неготино“ од Неготино, Гордана Трајковска напомена дека овој Центар веќе 6 години наназад успешно го имплементира процесот на деинституционализација на лицата со попреченост, односно со ментален хендикеп во Република Македонија.„Значи 76 корисници кои порано долги години живееа во институции сега се дел од процесот и живеат во куќи и станови како и сите други, како и сите ние кои што живееме во заедница. Нивното живеење е најблиску до едно семејно живеење. Овие лица, бидејќи се со умерена и тешка попреченост живеат со поддршка. Ова е еден од најхуманите и најубавите начини за лицата да бидат задоволни, да бидат во своите куќи и станови, живеат во 16 заедници во четири куќи и еден стан и во четири куќи во Волково. Четириесет и тројца живеат во Неготино, 33 во Волково, 70 отсто од куќите и од дневните центри се сопственост на „Порака – Неготино“, така што „Порака – Неготино“ со својот кадар со капиталот кој што го вложува со долготрајно работење од 2003-тата година е еден од сериозните партнери во Министерството за труд и социјална поитика и ние се трудиме оваа доверба да ја оправдаме. Работиме интензивно со нашите корисници на нивното осамостојување, за да можеме секоја година да ја намалуваме поддршката, значи тие се осамостојуваат меѓусебно, се поддржуваат, имаме поддршка и од страна на асистенти и од стурчен кадар и така овозможуваме овие луѓе да се инклузираат и да станат дел од нашата заедница“, рече таа./крај/мф

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија12 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ13 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија14 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија15 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија16 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа17 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија18 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија18 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија18 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет19 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет19 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа20 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа20 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа20 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија1 ден

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија2 дена

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија2 дена

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...