Контакт

Општество

Македонија избира младински претставник во Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан

Објавено пред

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески заедно со претставниците на младинските здруженија Марија Матовска – претставник на Млади Инфо и Иван Јованов – претставник од Националниот младински совет на Македонија, во средата соопштија дека е распишан јавен повик за проширување на Работната група која ќе треба да го избере младинскиот претставник во Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан.
 

dobivaj vesti na viber

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески заедно со претставниците на младинските здруженија Марија Матовска – претставник на Млади Инфо и Иван Јованов – претставник од Националниот младински совет на Македонија, во средата соопштија дека е распишан јавен повик за проширување на Работната група која ќе треба да го избере младинскиот претставник во Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан.

 

„Ги дефиниравме чекорите и процесите на избор на младинскиот претставник, кој ќе биде член на Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка. Се работи за отворен и транспарентен процес, кој ќе му даде можност и право на секој млад човек кој активно работи во рамки на младинските организации во нашата држава“, рече Спасески. Според него, во Република Македонија постојат голем број младински организации кои активно учествуваат во реализација на проекти на национално и меѓународно ниво. 

Марија Матовска, претставник на Млади Инфо, се осврна на темите кои беа дискутирани во работните групи на настанот одржан на 4-ти јули, а кои ги опфаќаат областите на вработување и претприемништво, медиуми, младинско учество и активизам и образование и мобилност на младите. Таа ги пренесе предлог заклучоците кои 150 млади луѓе кои беа присутни во Париз ги предложија до своите влади и Европската унија.

Иван Јованов, претставник од Националниот младински совет на Македонија, ја истакна улогата на РИКО за младите луѓе во регионот и посочи дека ја поздравува иницијативата на Агенцијата за млади и спорт да отвори транспарентен повик за избор на младинскиот претставник во највисокото тело на оваа канцеларија.

Критериумите на јавниот повик за граѓанските организации кои сакаат да предложат свој претставник се да постојат најмалку три години, да имаат млади лица во извршното или управно тело, да имаат свое јавно гласило, да се регистрирани врз основа на Законот за здруженија и фондации и Законот за Црвен крст на Република Македонија, како и да имаат тековна состојба и наративен извештај за 2015 година со најмалку пет имплементирани активности.

Пријавите заедно со прилозите за докажување на исполнувањето на критериумите, потребно е да се испратат до Агенцијата за млади и спорт, (ул. Македонија бр.38 – Палата „Панко Брашнаров“, 1.000 Скопје) најдоцна до 27-ми овој месец.

Работната група за избор на младинскиот претставник ќе треба да поднесе предлог одлука до директорот на Агенцијата за млади и спорт и да овозможи поддршка во натамошниот период на функционирањето на РИКО на претставниците на Република Македонија во телата на оваа канцеларија.

Процесот ќе се спроведува во август и септември 2016-та година, а изборот на младинскиот претставник треба да биде извршен заклучно со 15-ти септември 2016 година. Резултатите од јавниот повик ќе бидат објавени на веб-страницата на Агенцијата за млади и спорт.

На 27-ми август 2015 година во рамки на Самитот за Западен Балкан одржан во Виена од страна на премиерите на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора и Косово беше потпишана Заедничка декларација за воспоставување на Регионална канцеларија за соработка во областа на младите, како регионално тело. Задачата ќе биде да ја управува и ја координира младинската соработка во регионот, во духот на соработка и помирување на младите од Западен Балкан.

Македонија се вклучи во процесот на формирање на оваа канцеларија преку двајца претставници, владин и невладин. На 17-ти декември 2015-та година Агенцијата за млади и спорт формираше Работна група за поддршка на претставниците кои учествуваат во овој процес.

На 4-ти јули 2016-та година од страна на премиерите на шесте држави беше официјално потпишана Меѓународната спогодба за формирање на Регионална канцеларија за младинска соработка, со седиште во Тирана која треба да почне со работа на 1-ви јануари 2017-та година./крај/мф/бс

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ6 часа

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија7 часа

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија8 часа

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет9 часа

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија1 ден

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија1 ден

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија1 ден

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија1 ден

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија1 ден

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија1 ден

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија1 ден

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ2 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија2 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија2 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија2 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија2 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија2 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија2 дена

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија2 дена

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...