Општество
Македонија се приклучува на Европската недела на спортот
Оваа година Република Македонија ќе биде дел од семејството на 28-те земји членки на Европската унија, вклучително и Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Турција, кои континуирано го промовираат спортот и физичката активност во Европа, преку една посебна и сé повеќе афирмирана глобална манифестација, а тоа е Европската недела на спортот во организација на Европската комисија, најави во саботата заменик министерот за образование Спире Ристески.
„ Министерството за образование и наука покрена иницијатива и поднесе апликација до Европската комисија за добивање согласност за учество на нашата земја во одбележувањето на Европската недела на спортот. Позитивниот одговор на барањето, практично значеше обезбедување на соодветна материјална и логистичка поддршка за проект за организација на настани поврзани со промоцијата на спортот и спортската активнсот“, рече Ристески на прес-конференцијата која се одржа во просториите на Агенцијата за млади и спорт на која учествуваа и директорот на Агенцијата, Марјан Спасески, како и претседателот на Федерацијата за училишни спортови Александар Туфекџиевски.
„Во суштина, нашето учество на оваа манифестација се состои од два поголеми настана кои ќе бидат организирани, односно реализирани од Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортските федерации на Македонија, а за кои предмалку говореше директорот на АМС, со кои ќе се обидеме дополнително да ја зголемиме свесноста за важноста на спортот и физичката активност особено кај најмладите, заради нивниот правилен раст, правилно насочување и елиминирање на ризикот од користењето на пороците на денешницата. Така што, во оваа прилика се заблагодарувам на Европската комисија за укажаната можност и апелирам до граѓаните за што помасовна вклученост и посетеност на овие две манифестации. Да потврдиме дека сме спортска нација”, пјасни Спасески.
Првиот настан е Отворен спортски ден, кој ќе се одржи во понеделник, 7-ми септември, кога на на централниот плоштад „Македонија“ во Скопје, ќе бидат презентирани сите видови спортови и спортски дисциплини кои се негуваат во земјата од страна на спортските федерации. Овој собир траба да придонесе за популаризацијата на сите спортов, а покрај презентацијата на опремата која се користи во различните спортови и можностите за тренирање, клубовите кои нудат упис и слично.
Вториот настан е Ден на универзитетскиот и училишен спорт, кој ќе се одржи во петок, 11-ти септември, кога ќе се соберат најдобрите училишни и универзитетски клубови во фудбал и атлетика и ќе се организираат нивни меѓусебни натпревари, во присуство на ученици и родители. Целта на овој настан е да се зголеми свеста на младите, децата и на пошироката јавност за важноста на вклучувањето во рамките на активностите на училишните и универзитетски спортски клубови, како и промоција на резултатите постигнати во рамките на овие клубови./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

