Контакт

Општество

Македонските пациенти со ретки видови рак се прашуваат каде им е лекот

Објавено пред

Нема терапија за болните од ретки малигни заболувања, бидејќи новите иновативни лекови за овие болести не се ставени на позитивната листа на лекови за која трошоците ги покрива Фондот за здравствено осигурување, а не се обезбедуваат ниту преку програмата за ретки болести на Министерствтото за здравство.

dobivaj vesti na viber

Здружението на пациенти со ретки болести „Живот со предизвици“ и Алијансата на пациентски организации алармираа дека не смее да се дозволи натаму луѓето да умираат или да бидат врзани за постела, во услови кога во светот постои терапија со која можат нормално да живеат или да го продолжат животот. Тие бараат лековите за овие пациенти или да се стават на позитивната листa лекови или да се формира посебен фонд за набавка на лекови, како што беше случајот со другите ретки болести.„Тие се оставени самите на себе. Оставени се или сами да ја плаќаат скапата терапија, која во некои случаи чини илјадници евра или да не се лекуваат. Лекови не може да им се обезбедат преку програмата за ретки болести, бидејќи според законските решенија има ограничувачки фактор со кој за ретка болест се смета ако има помалку од 20 пациенти во целата земја. Во случајов листите на пациенти од ретки видови ракови се и со до 50 пациенти“, објасни Весна Алексовска, претседател на здружението на пациенти „Живот со предизвици“.Драги Лозевски од Неготино кој боледува од миелодиспластичен синдром, вели дека откако почувствувал малаксаност и почнал со испитувања во септември, во ноември веќе му била поставена дијагнозата, а по сугестија на неговата докторка почекале за да може таа да го пријави во некој фонд, со кој би му се овозможила соодветна терапија, за која реално, немал пари да ја плати. Така почнал со терапија во април, а неговото тело добро реагирало на терапијата. Благодарение е на австриската фирма „Цеогене“ која ја донира неговата терапија, која чини околу 10.000 евра.

Откако ја примил терапијата, тој се чувствува многу подобро, качил килажа и неговиот квалитет на живот значително се подобрил. Секако, Лозевски не може да се излечи со оваа терапија, но таа го подготвува за натаму да може да издржи пресадување на коскена срцевина. Лозевски е невработен, а претходно бил возач на тешко товарно возило, а секое идење од Неготино во Скопје, за да прими терапија го чини околу 100 евра.„Овие иновативни терапии им го подобруваат животот и им го продолжуваат, што значи навистина се постигнуваат добри резултати и треба да им бидат достапни, а не да се шетаат од клиника до клиника и да исчекуваат донација од некоја компанија, но тоа не е долгорочно решение“, додава Алексовска.  Од здружението предлагаат ако истите не можат да се вклучат во програмата за ретки болести како ретки ракови, да се направи посебна програма, која ќе биде само за иновативни лекови за рак со која сите пациенти во Македонија би можеле да имаат пристап до таа иновативна терапија.Според податоците со кои располагаат во Алијансата на пациентски организации, во Mакедонија дневно се дијагностицираат 20 пациенти со рак, а дневно умираат околу 13 луѓе заболени од каков и да е вид рак.„Тоа се наши луѓе кои умираат. Голем дел од нив умирата поради несоодветна грижа и ненавремена детекција, како и менање пристап до современа терапија во Македонија“, рече Биба Додева претседателка на Алијансата.Во светот се регистрирани 70 нови иновативни лекови од 2007 година, кои  за жал, во Македонија, се уште не се достапни, а тие се иновативни лекови коишто може да го спасат животот на пациентите.„Во 2011 година имавме неформална акција, кога беше воведен само лекот ‘Гливек’, кој е многу познат, меѓутоа од минатата година почнавне заедо да лобираме и целта ни е да се стават како приоритет малигните заболувања во макеоднија“, вели Додева.Таа изнесе уште еден загрижувачки податок, дека Македонија е на трето место во Европа по смртност од малигни заболувања. Смета дека со реалоцирање на средства и со добра Национална стратегија за контрола на ракот ќе може да се контролира болеста.   Иницијативата на здруженијата ја поддржаа националните алијанси на пациенти со ретки болести од Србија и од Босна и Херцеговина, каде овој проблем е во фаза на решавање.Давор Дубуока од српската национална алијанса на пациенти со ретки болести, рече дека лекувањето на пациенти со ретки болести во Србија е малку подобро отколку во Македонија, бидејќи од почеткот на оваа година направен е посебен буџет за лечење болни од ретки ракови, а на товар на Фондот за здравствено осигурувањеставени се 20 нови иновативни лекови, од кои половината за болни со ретки ракови.Борислав Ѓуриќ од Националната алијанса на болни од ретки болести од Босна и Херцеговина, рече дека во нивната земја ситуацијата е сложена бидејќи по војната имаат 13 министри за здравство и дека во некои делови од БиХ прашањето за болните со ретки ракови е многу добро решено, а во други состојбата е очајна. Според него, тоа е разбирливо со оглед на тоа што земјата беше во војна и имаше големи загуби, како човечки така и финансиски.„Многу ми е чудно што Македонија, која релативно лесно се извлече од хаосот по распадот на поранешната држава, а толку многу каска зад современиот свет. Имате едноставен политички систем и според мене срамота е да нема терапија за болните со ретки болести. Дури и во Босна и Херцеговна има подобро здравство од Македонија. Поместувањето се случи кај нас пред пет години, под огромен притисок и од пациентите и од медиумите“, вели Ѓуриќ.Од здруженијата потенцираат дека во Македонија долго време, со децении се занимаваме со прашањето: „Каде ни е лекот?“ или „Уште колку време ќе ни остане?“, додека во земјите од окружувањето ситуацијата е многу подобра, каде имаат Национални стратегии и посебни центри кои се занимаваат со ректите ракови, во што секако предничи Словенија, каде секој лек што излегува на пазарот автоматски им е достапен на пациентите. Оваа активност се одржува со цел подигнување на институционалната и јавната свест во однос на недостапноста на терапијата за пациентите со ретки ракови за кои во моментот не се набавува терапија ниту преку ФЗОМ ниту преку програмата за ретки болести на Министерство за здравство, ниту преку клиниките за онкологија и хематологија.На тркалезната маса, во петок, беа поканети и доктори од Клиниката за онкологија, Клиниката за Хематологија, од Комисија за ретки болести од Министерство за здравство и од Фондот за здравствено осигурување, но никој не се појави да даде свое мислење за проблематиката и дали воопшто на државно институционално ниво, се размислува за тоа./крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Македонија2 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет3 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија3 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија4 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион5 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет5 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет6 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет6 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа6 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија17 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија22 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија23 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија24 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија1 ден

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа1 ден

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија1 ден

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион1 ден

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет1 ден

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...