Контакт

Општество

Меѓународната ИБ програма во две скопски училишта ќе продолжи и во предметната настава

Објавено пред

Меѓународната ИБ-програма којашто минатата година првпат беше воведена во одделенска настава во две основни училишта во скопските општини Аеродром – „Браќа Миладиновци”, односно во Цента – „Свети Кирил и Методиј”, од учебната 2014/2015-та ќе продолжи и во предметната настава во споменатите скопски основни училишта, и тоа од шесто до деветто одделение, истакна на денешната прес-конференција заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

dobivaj vesti na viber

Заменик министерот, исто така, посочи дека имплементацијата на ИБ програмата се проширува и во повисоките одделенија поради доброто искуство и резултати од програмата и позитивните реакции на наставниците и на родителите на учениците. „ Со тоа целосно ќе го заокружиме нашето ветување за континуитет во спроведувањето на наставата по ИБ програма во овие две училишта, а не е исклучена и можноста, со оглед на интересот, во следниот период со оваа реформа да бидат опфатени и училишта од други општини во Република Македонија, за што ќе биде направена анализа и проценка на предусловите за имплементација на оваа образовна програма“, рече Ристовски. Можностите на програмата во првата година од нејзиното воведување ги искористиле 519 ученици во двете училишта, а со нејзиното проширување ќе бидат опфатени околу 820. Министерството за образование и наука, појасни Ристовски, и натаму ќе ги финансира сите трошоци за имплементација на ИБ програмата, така што за родителите и училиштата ќе нема дополнителни финансиски оптоварувања. Образовната програма ИБ е меѓународно стандардизирана и ја имаат воведено 145 земји и над 3.500 училишта, најчесто приватни. Се спроведува во соработка со Меѓународната ИБ образовна фондација, основана во 1969 со седиште во Женева. Опфаќа три генерални програми: за одделенска настава (од 3 до 12 години), за предметна настава (од 11 до 16 години) и програма диплома (за ученици од 16 до 19 години). Истата го надминува класичниот начин на предавање и е фокусирана кон стекнување суштинско знаење и вештини, преку поголема застапеност на интерактивна и практична настава./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

„Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил,...

Македонија52 минути

„Чичко, прскај нè оти така полесно дишеме“: Николов со потресно сведочење за трагедијата во„Пулс“

На денешното судско рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, сведокот Дејан Николов, сопственик на автосервис во близина на дискотеката, во...

Македонија4 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се талог затоа што ја критикуваат власта?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога...

Топ5 часа

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар...

Македонија5 часа

Мицкоски: Груби побара да се избрише балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување на граѓаните Албанци

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека...

Македонија6 часа

(Видео) Дали Венко, кој има златна виза за Дубаи, е партнер на Заев во градењето на 40-катницата во Дубаи, прашува Манасиевски

„Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе...

Македонија6 часа

Нацев кажа дека не бил во земјата кога се случи пожарот во „Пулс“ и се пожали на медиумски и јавен линч од безбедносни аналфабети

Судот ги слушна воведните зборови на сите 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“,...

Македонија7 часа

Ѓорѓиевски за состојбата во која е затекнат Градот: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка

На денешната седница на Советот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на град Скопје, се обрати со јасна и отворена...

Топ7 часа

(Фото) Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

Вчера, со брза размена на информации преку центарот SELEC со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската...

Македонија8 часа

Денес завршуваат воведните зборови на одбраната и почнува сослушувањето сведоци за пожарот во „Пулс“

Со воведни зборови на бранителите на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, на компанијата „ММММ кафе“ и на Александар Нацев како неформален...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Наводите за висококатницата на Заев во Дубаи добија сведоштво: „Тоа се милиони евра“

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивни наводи, поранешниот премиер Зоран Заев инвестира во изградба на 42-катна зграда во Дубаи, а заедно...

Македонија10 часа

Тошковски: Прекршок ќе се регистрира од 57 километри на час при дозволени 50, толеранцијата како кај полициските радари

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај другите полициски радари, изјави...

Свет11 часа

Католиците во светот денес го слават Божиќ

Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес ширум светот го одбележуваат еден од најрадосните празници...

Свет11 часа

Трката по суперинтелигенција: технологија што го менува светот или опасна илузија

Колумнистот на „Гардијан“, Рафаел Бер, пишува дека ако вештачката интелигенција не им го променила животот на луѓето во 2025 година,...

Свет12 часа

ФБИ пронајде повеќе од еден милион нови документи поврзани со случајот на Епстин

Американското Министерство за правда соопшти дека се откриени повеќе од еден милион дополнителни документи кои би можеле да бидат поврзани...

Македонија12 часа

Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На...

Македонија23 часа

Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово

Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми...

Македонија23 часа

Бугарија понуди мазут за Македонија, од Владата уверуваат дека не е потребна надворешна помош

Бугарија ѝ понудила на Македонија итни залихи на мазут, со цел да помогне во надминување на кризата во снабдувањето со...

Македонија1 ден

Мухамет Хоџа и Беким Сали се новите министри во Владата

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски...

Македонија1 ден

Вработените во Народниот правобранител алармираат: Се наоѓаме во безизлезна состојба

Вработените во Народниот правобранител и двајцата преостанати заменици на народниот правобранител велат дека се наоѓаат во безизлезна состојба и дека...