Општество
Министерот за екологија Изаири во посета на УНИДО во Виена
Министерот за животна средина и просторно планирaње Нурхан Изаири, придружуван од Марин Кочов, раководител на Канцеларијата за POPs и Канцеларијата за заштита на озонската обвивка при Министерството за животна средина и просторно планирање во понеделникот престојуваат во Виена во работна посета на УНИДО (United Nations Industrial Development Organization).
При посетата, остварена е работна средба со генералниот директор на УНИДО, Ли Јонг, неговиот заменик Таизо Нишикава и со директорот на програмата за технички развој и соработка, Огранок за управување со животна средина, Стефан Сикарс.
На средбата се разговараше за успешната соработка помеѓу Министерството и УНИДО во изминатите 20-тина години, започнувајќи од имплементација на проектите за заштита на озонската обвивка и спроведувањето на обврските кон Монтреалскиот протокол за супстанциите кои ја осиромашуваат озонската обвивка, потоа за имплементацијата на проектите за редукција и елиминација перзистентните органски загадувачи и спроведување на обврските кон Стокхолмската конвенција, но исто така и за идната соработка во спроведување на меѓународните договори кои се занимаваат со управување со хемикалиите.
Посебен акцент беше ставен на разгледување на аспектите на реализација на претстоечкиот проект „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α- HCH, β- HCH и линдан во ОХИС“. Покрај другото во оваа прилика се разгледани и можностите за вклучување и мобилизирање на постоечките капацитети на земјата за успешно спроведување на активностите за деконтаминација и ремедијација на контаминираната локација со α- HCH, β- HCH и линдан во кругот на ОХИС.
УНИДО како имплементациона агенција е одговорно за имплементација на проектот заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Канцеларијата за POPs како координативно тело во текот на имплементацијата.
Остварени се средби и со други високи претставници, меѓу кои и со Фукуја Лино, раководител на проектот, Филипе Шолтс, изврешен директор на Програмата за технички развој и соработка и со Кирил Илиоски, македонски амбасадор на перманентната мисија на Обединетите нации во Виена./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

