Општество
Мисли, креирај и делувај преку VoiceUp
Проектот VoiceUp започна со реализација на два од петте предвидени еднодневни настани низ Македонија – во Битола и Св.Николе. Преку 60 учесници од овие два града веќе имаа можност одблизу да се запознаат со целите и активностите на проектот и директно да се инволвираат во следните фази на VoiceUp. Проектот несомнено ќе ги поттикне сите учесници да ја изразат својата граѓанска свест во креативна форма и истата да биде промовирана преку најмоќните алатки денес – социјалните мрежи.
Учесниците во VoiceUp (млади од 18 до 35 години) активно ја проследија дневната агенда за моќта на социјалните медиуми во денешното општество, составена од три блока предавања, видео содржини и дискусија. Преку низа примери, фотографии и видео материјали кои се составен дел од нашето секојдневие, главниот предавач, сценарист и режисер Илија Пиперкоски, се обиде на најдобар можен начин на учесниците да им ја претстави моменталната реалност и позитивните ефекти од социјалните мрежи кои можат да се искористат. Дискусиите пак од друга страна, начнаа многу суштински и исклучително важни теми за сите нас, почнувајќи од загадувањето, зголемениот број на малигни и канцерогени болести, политички збиднувања како и локални настани и нивното одржување во помали средини.
Овие средби замислени во вид на пренос на знаење треба да им послужат на сите учесници да се стекнат со практични алатки кои ќе им помогнат во промоцијата на сопствените идеи. Учесниците имаат на располагање веб платформа на која ќе бидат промовирани нивните креативни дела, е-училница со туторијални видеа од различни области како фотографија, графички дизајн, аудио и видео, како и форум преку кој учесниците ќе бидат во постојана комуникација меѓу себе и со менторите, и на тој начин ќе можат да ги споделат и продлабочат своите искуства и знаења.
Во оваа фаза од проектот предвидени се уште три еднодневни средби во Скопје, Гостивар и Куманово. Веќе во четврток со почеток во 17 часот во центарот за дизајн и иновации Јавна Соба, VoiceUp ќе ја организира средбата со Скопјани, како последен настан за оваа 2016та година. Останатите два настани ќе бидат одржани кон крајот на јануари 2017та. Апликацијата за учесници е сè уште отворена и може да се најде на сајтот на VoiceUp www.voiceup.mk , како и на профилите на VoiceUp на социјалните медиуми.
Проектот VoiceUp е поддржан од УСАИД Македонија и се реализира во соработка со Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Еуро Колеџ – Куманово, Центарот на култура АСНОМ во Гостивар и бројни невладини организации од цела Македонија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

