Општество
МОН доделува 745 стипендии за средношколците за учебната 2014/2015
Министерството за образование и наука за учебната 2014/2015 година, доделува 745 стипендии за учениците кои учат во јавните и приватните училишта. Стипендиите се поделени во 6 категории и тоа: 400 стипендии за социјална поддршка на учениците; 80 стипендии за ученици со статус на деца без родители; 50 стипендии за ученици со посебни потреби; 150 стипендии за талентирани ученици – спортисти; 50 стипендии за талентирани ученици, од кои 45 се за учениците од јавните училишта, а 5 за учениците кои учат во приватни училишта, и 15 стипендии за ученици од угостителско – туристичката струка, истакна министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.
„Правото да добијат стипендија имаат редовните ученици во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија. Услови кои треба да ги исполнуваат се: да не повторувале ниту една година во текот на школувањето, да не користат стипендија од друга институција или фирма и да се државјани на Македонија. Покрај општите услови, за секој тип на стипендија има дополнителни услови кои секој од кандидатите мора да ги исполни за да се стекне со правото на користење на паричен надоместок во вид на стипендија“, рече Адеми.
Учениците кои ќе конкурираат за стипендија за социјална поддршка, во текот на школувањето мора да имаат успех поголем од 4,00. Исто така, во предвид ќе се земе и материјалната состојба на потесното семејство на кандидатот, како и евентуално добиените награди од на државни или меѓународни натпревари.
Критериум за стипендија за ученици со статус деца без родители, е ученикот да има континуиран успех повисок од 3,50, како и да приложи потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители. 3,00 треба да биде просечниот успех за доделување стипендија за категоријата ученици со посебни потреби.Кандидатите – талентирани спортисти треба да имаат просечен успех од најмалку 4,00.
Исто така при бодувањето ќе се земат во предвид и освоените награди на државни или меѓународни натпревари од областа на спортот.Одличен 5,00 треба да биде успехот кој во текот на образованието го постигнале кандидатите кои ќе аплицираат за стипендии за талентирани ученици. И овие ученици треба да имаат освоено награди во поединечна категорија на државни или меѓународни натпревари. Просечен успех од 3,50 е услов за добивање стипендија за учениците од угостителско – туристичка струка. Исто така тие треба да имаат освоено I, II или III место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на угостителството и/или туризмот.
„По 2.700 денари месечно стипендија ќе добиваат учениците спортски таленти и талентираните ученици. 2.500 денари изнесува стипендијата за децата без родители и за учениците со посебни потреби, а по 2.000 денари стипендијата за социјалните категории и за угостителско- туристичката струка. Стипендиите се доделуваат во текот на девет месеци во годината“, рече Адеми.
Сите дополнителни информации, заинтересираните кандидати, можaт да ги најдат на порталот konkursi.mon.gov.mk, каде што е поставена електронската пријава. Рокот за аплицирање е од 7-21 ноември. Резултатите ќе бидат објавени на порталот stipendii.gov.mk на 29 ноември./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

