Општество
Набавени 3.000 вакцини против стрептокока
Три илјади дози вакцини против бактеријата стрептокока набави Министерството за здравство, вакцина која е незадолжителна и бесплатна и е наменета за деца на возраст од шест недели до пет години.
Три илјади дози вакцини против бактеријата стрептокока набави Министерството за здравство, вакцина која е незадолжителна и бесплатна и е наменета за деца на возраст од шест недели до пет години.
Министерот за здравство Никола Тодоров, во петок рече дека вакцината е достапна и сите родители кои сакаат да го вакцинираат своето дете потребно е да се обратат до центрите за вакцинација во своето место на живеење и да се пријават, по што во рок од 10 дена ќе бидат повикани за вакцинација. „Оваа вакцина штити од заболувања предизвикани од бактеријата стрептокока, како што се: пневмонија (воспаление на белите дробови), отитис (воспаление на увото), бронхитис и потешки форми, како: сепса, менингитис, артритис, и др., посебно кај деца со намален имунитет“, рече Тодоров.Искуството покажало дека родителите бараат вакцинација за стрептокока, затоа што околу 2.000 на годишно ниво добиваат бактериска пнеумонија каде причинител во 90 отсто од случаите е стрептококус пнеумоние. „Околу 1.000 деца заболуваат од отитис или воспаление на увото каде во 90 отсто причинител е стрептокока“, рече Тодоров.Најризични групи за ова заболување, нагласи Тодоров, се малите деца, особено оние со намален имунитет и потхранети, децата кои престојуваат во колектив, како и повозрасни лица, лица со хронични заболувања и со ослабен имунолошки систем./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

