Општество
Надграден Систем за интероперабилност за поврзување на државните институции
Поврзувањето на државните институции по електронски пат за размена на документи и податоци во иднина ќе биде модернизирано и проширено со надградба на Системот за интероперабилност, најави во понеделникот министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, потенцирајќи дека процесот претставува основа за поедноставување на административните постапки и воведување на електронски административни услуги.
„Огласот за јавна набавка за модернизација, проширување и адаптирање на Системот за интероперабилност е објавен на 25-ти јули оваа година и ќе биде отворен до 9-ти септември, до кога заинтересираните фирми ќе можат да поднесуваат свои понуди. Првичната цена која е предвидена за реализација на проектот пред одржувањето на електронската аукција изнесува 70 милиони и 150 илјади денари“, изјави Ивановски.
По евалуацијата на понудите ќе следи и електронска аукција со негативно наддавање и намалување на цените.
Инаку, надградбата на системот со новите решенија имплементација во следните институции : Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Фондот за здравствено осигурување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Министерството за транспорт и врски, Управата за водење на матични книги, Министерството за економија, Министерството за животна средина, Управата за имотно правни работи, Градот Скопје, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Основниот Суд 2 и Управниот Суд.
„Исто така, потребно е да биде надграден и проширен постоечкиот веб портал, со цел да овозможи вклучување на сите институции. На самиот портал треба да има можност за додавање на дополнителни институции, како и кориснички улоги за администратори, службеници итн, додавање на параметри основ на барање, додавање на сервиси, привилегии за корисниците, можност за повикување на сервис преку графички интерфејс со приказ на резултати и можност за преземање на резултатите во PDF и XML формат“, додаде Ивановски.
Тој напомена дека во рамките на проектот за набавка на опрема и надградба на Системот за интероперабилност согласно програмата ИПА 2010, ќе бидат опфатени вкупно 15 институции. Огласот за јавната набавка е објавен на 12-ти август 2014 година и трае до 13-ти октомври годинаба, до кога заинтересираните фирми ќе можат да поднесуваат свои понуди.
„Со надградбата на Системот за интероперабилност се стремиме кон што помалку негативни страни, олеснување на начинот на работа на вработените и запазување на временските рокови за извршување на предметите, со една крајна цел – граѓаните да бидат целосно задоволни од услугите што ги нудат. Очекувам при следното анкетирање на граѓаните и истражувањата на Таен клиент да биде евидентиран напредок кај институциите, а во тоа секако ќе помогне успешната реализација со надградба на овој систем“, потенцираше Ивановски./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

